Пет авиокомпании во Европа во последните пет недели прогласија банкрот

Германската авиокомпанија Азур Еир која во септември официјално прогласи банкрот, последните летови ги остваруваше само со авионот Боинг 737

Пет авиокомпании во Европа во последните пет недели прогласија банкрот

Пет нискотарифни авиокомпании во Европа во последните пет недели една по друга прогласија банкрот.

По прогласувањето банкрот на германските авиокомпании Азур Еир и Смол Планет, белгиската ВЛМ, швајцарската Скајворк Ерлајнс, овојпат банкрот прогласи и данско-летонската компанија Примера Еир.

Авиокомпанијата Примера Еир која беше формирана во 2003 година имаше девет авиони и последен пат леташе за Северна Америка.

Германската авиокомпанија Азур Еир која во септември официјално прогласи банкрот, последните летови ги остваруваше само со авионот Боинг 737.

Германската авиокомпанија Смол Планет која банкротираше само одреден период пред Азур Еир имаше 4 Еирбаса од типот А320 и два Еирбаса од типот А321.

Белгиската авиокомпанија леташе само со еден авион.

Белгиската авиокомпанија ВЛМ Ерлајнс која летовите ги оконча во август се откажа од сите авиони и го држеше само авионот Фокер 50.

Авиокомпанијата по банкротот не можеше да го полета.

Швајцарската авиокомпанија Скајворк Ерлајнс која исто така активностите ги оконча во август, предизвика штета на 11 илјади патници.



Слични вести