Берат Албајрак: Започна процесот на балансирање на економијата

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во своето излагање на состанокот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) во Кизилџахамам кај Анкара истакна дека започна процесот на балансирање на економијата

Берат Албајрак: Започна процесот на балансирање на економијата

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак говореше на состанокот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) во Кизилџахамам кај Анкара каде што се осврна на моменталната економска состојба.

По говорот на министерот Албајрак се одржа состанокот за општа консултација и проценка.

Министерот Берат Албајрак истакна дека започна процесот на балансирање на економијата.

Според добиени информации, Албајрак во своето излагање се осврна на моќта на економските показатели на Турција и информираше во врска со процентите на општо задолжување.

Истакнувајќи дека јавниот долг на Турција изнесува 28 отсто од бруто домашниот производ (БДП), Берат Албајрак напомена дека овој процент во земјите во развој е на ниво од 49 отсто.

Тој нагласи дека процентот на задолжување во јавниот сектор е во доста добра состојба.

Појаснувајќи дека процентот на задолжување кај домаќинствата во Турција изнесува 16 отсто од бруто домашниот производ (БДП), Албајрак рече дека овој процент кај земјите во развој просечно изнесува 36 отсто, а просекот во светот е на ниво од околу 60 отсто.  

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак укажа на тоа дека Турција и овде е во многу подобра состојба и од просекот во светот и од земјите во развој.  

Тој информираше и во врска со просекот во процентот на вкупно задолжување и истакна дека земјата е на многу подобро ниво и општо во светот и од земјите во развој. 

Осврнувајќи се и на прашањето на намалување на дефицитот на тековната сметка, Берат Албајрак додаде дека ќе се работи координирано со сите министерства и инвестициите ќе се канализираат кон зголемување на извозот, намалување на дефицитот на тековната сметка и кон обезбедување на технолошкото производство со што ќе им се даде приоритет на сиве овие прашања.

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак воедно го подвлече и тоа дека ќе биде соопштена програма за водење на силна борба против инфлацијата. 

 



Слични вести