Интензивно расте извозот на органско „школско грозје“ од егејските ниви на Турција во Англија

Од фабриката за органско суво овошје во населеното место Кемалпаша кај градот Измир започна испораката на суво грозје без семки кое што се подготвува во пакетчиња од по 14 гр за школските чанти за храна на децата кои учат во основно училиште во Англија

Интензивно расте извозот на органско „школско грозје“ од егејските ниви на Турција во Англија

Интензивно расте извозот на органско „школско грозје“ од егејските ниви во Англија.

Од фабриката за органско суво овошје во населеното место Кемалпаша кај градот Измир започна испораката на суво грозје без семки кое што се подготвува во пакетчиња од по 14 грама за школските чанти за храна на децата кои учат во основно училиште во Англија.

Турција оваа гоидна ќе произведе 250 илјади тони суво грозје без семки, од кои пак 20-25 илјади тони ќе бидат извезени како органски.

Грозјето освен тоа што е приход во прехранбената индустрија во последно време интензивно се избира и на пазарот на директна потрошувачка.

По зголемувањето на реакцијата против производите од шеќер општо во светот сувото овошје долови тренд на растечко конзумирање меѓу здравата храна. За да се обезбеди да стане привлечно за децата пак се промени и пакувањето.

Во Англија каде што од Турција се испратени близу 80 илјади тони суво грозје беа подготвени специјални амбалажи, пакетчиња за конзумирање од страна на децата.

Поради тоа што децата во Англија се на училиште во текот на целиот ден родителите на своите деца им ставаат во нивните чанти за храна млеко, леб и овојшје.

Бидејќи се попогодни за носење во чанта повеќе се претпочита сувото овошје. Во чантата нан учениците сигурно има суво овошје. Освен  суво грозје има и мешавини од суво оружје како јаболка, смоква или кајсии.

25-30 насто од органското суво грозје кое што се испраќа од Турција во Англија во продавниците се продава во мали пакетчиња. Од оваа количина пак најмалку 10 насто е наменета за децата.

На тој начин и оваа година од Турција ќе бидат извезени приближно 500 тони производи (суво овошје) кои ќе бидат наменети за конзумирање во училиште.



Слични вести