Ердоган: Турската економија е изложена на манипуалција, а не се соочува со криза

Високата каматна стапка е само еден од факторите кои ја зголемуваат инфлационата стапка

Ердоган: Турската економија е изложена на манипуалција, а не се соочува со криза

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со состојбата во која се наоѓа турската економија рече дека е изложена на манипулација, а не се соочува со криза, поради што ќе се преземат нови чекори против флуктуацијата на девизниот курс.

Во говорот на седницата на 20-то Редовно Генерално заседание на Конфедерацијата на еснафите и занаетчиите на Турција (ТЕСК) во АНкара, Ердоган рече:

Турција во последните години е изложена на низа и различни напади како што се улични провокации, обид за воен удар, акции и напади на терористичките организации и економски предизвици и провокации.

Но покрај сите овие случувања, нашата политичка стабилност, економска моќ и социјално единство не беа оштетени.

Во врска со флуктуацијата на девизниот курс, Ердоган рече дека Турција води борба против сите неповолни случувања без да излезе од рамката на слободниот пазар.

Турската економија не е во криза, туку се наоѓаме под манипулација, подвлече Ердоган посочувајќи дека Турција презеде и продолжува да презема низа мерки за спречување на флуктуацијата на девизниот курс. Секако дека на тоа поле ќе преземеме уште низа нови чекори.

Високата каматна стапка е само еден од факторите кои ја зголемуваат инфлационата стапка. Турција никогаш нема да биде посредник и средство во примената на ова експлоататорско средство, рече Ердоган.



Слични вести