Турско-казахстански инвестициски форум во Анкара

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донме истакна дека се има за цел обемот на трговската соработка помеѓу Турција и Казахстан за неколку години да се зголеми на 5 милијарди долари, а потоа и на ниво од 10 милијарди долари

Турско-казахстански инвестициски форум во Анкара

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез на Турско-казахстанскиот инвестициски форум што се одржува во Анкара истакна дека се има за цел обемот на трговската соработка помеѓу Турција и Казахстан за неколку години да се зголеми на 5 милијарди долари, а потоа и на ниво од 10 милијарди долари. 

„Мораме нашата постоечка соработка да ја носиме до уште понапредни фази за достигнување на ова ниво во време од најмногу 7-8 години“ - рече Донмез.

Нагласувајќи дека мултилатералнатапроактивна надворешна политика која што во последно време ја водат Турција и Казахстан како иницијатива е од животно значење за воспоставувањето на глобалниот мир, министерот Фатих Донмез рече: „Разговорите кои што продолжуваат во Астана и Истанбул за владеење на спокојството и мирот во нашиот регион ја покажуваат искреноста на напорите кои што ги водат Турција и Казахстан. Односите помеѓу Турција и Казахстан кои доаѓаат од заедничка историја и заедничко потекло се наоѓаат прилично доста многу надвор од односите помеѓу било кои две земји со сите нивни аспекти.“ 

Министерот Донмез објасни дека турските инвестиции во Казахстан достигнаа до ниво од 3,2 милијарди долари и напомена дека после Русија и Кина Турција се наоѓа во позиција на трета земја која располага со фирми со најголеми странски акции.

Фатих Донмез истакна дека турските фирми продолжуваат со инвезтициите во Казахстан во голем број сфери од телекомуникацијата до банкарството и финансискиот сектор и од енергијата до стопанисувањето со аеродроми, а воедно нагласи дека под лидерството на претседателот Нурсултан Назарбаев Казахстан напредува брзо кон големи цели.

Донмез се осврна и на тоа дека Турција со своето искуство во општествениот и приватниот сектор е подготвена да ја даде секој вид потребна поддршка за ставање во примена на проектите кои што Казахстан посакува да ги реализира.

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез укажа и на тоа дека Казахстан располага со приближно 170 милиони долари инвестиции во Турција.

„Турција се наоѓа на чело на земјите кои нудат најпривлечна поддршка и поттикнувања за инвеститорите во светот. Денеска овде сите заедно ќе бидеме сведоци на потпишување на 22 договори помеѓу Турција и Казахстан во висина од 1,7 милијарди долари, од кои 18 ќе бидат трговски. По повод посетата на казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев изразуваме желба на договорите да им се додадат нови проекти и да се ажурираат и да ги збогатат уште повеќе сферите кои што ги опфаќаат, а со цел носење на нашите односи до понапреден степен.“



Слични вести