Министерката за трговија Рухсар Пекџан престојува во посета на Лондон

Министерката за трговија Рухсар Пекџан во резиденцијата на Амбасадата на Турција во Лондон се состана со еминентни претприемачи жени на Англија

Министерката за трговија Рухсар Пекџан престојува во посета на Лондон

Министерката за трговија Рухсар Пекџан вчера првиот ден од нејзината дводневна посета на Англија каде што отпатува за состанокот на турско-англискиот комитет за економско и трговско партнерствo (JETCO), во резиденцијата на Амбасадата на Турција во Лондон се состана со еминентни претприемачи жени на Англија.

На состанокот министерката Пекџан истакна дека се посакува економските и трговските односи помеѓу Турција и Англија да бидат покачени на уште повисоко ниво, а воедно нагласи дека жените претприемачи претставуваат значајна сила во економскиот живот на земјите.

Велејќи дека за општествениот просперитет и просперитетот на земјите е значајно жените претприемачи да заземаат поголемо место во деловниот живот и да отворат свои работни места, Пекџан ги информираше присутните во врска со поддршките и субвенциите кои што им се даваат на претприемачите во Турција.  

Министерката за трговија Рухсар Пекџан се состана со високиот функционер на Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам Хаус“ Робин Ниблет, а потоа оствари средби и со водечките личности на овој угледен мисловен институт.

Министерката Пекџан денеска ќе учествува на шестата сесија од состаноците на турско-англискиот комитет за економско и трговско партнерствo (JETCO), а во рамките на своите средби и разговори ќе се состане и со својот колега, англискиот министер за трговска политика Џорџ Холингбери.

На состаноците ќе се разговара за голем број различни прашања како што се односите во трговијата и инвестирањата помеѓу двете земји, можностите за влегување на пазари, градежни и технички консултантски услуги, финансиски услуги и сл.

На состаноците исто така ќе стане збор и за прашања во врска со визниот режим и туризмот и можностите за соработка во енергијата, а ќе бидат разгледани и заеднички студии кои што би можеле да се реализираат по прашањата на науката и иновациите.

На крајот на состаноците се предвидува од страна на министерката за трговија Рхсар Пекџан и англискиот министер за меѓународна трговија Лиам Фокс да биде потпишан и меморандум за разбирање на шестата сесија од турско-англискиот комитет за економско и трговско партнерствo (JETCO).

Во рамките на своите средби и разговори во Лондон министерката за трговија Рухсар Пекџан ќе учествува и на отворањето на Турско-англискиот Бизнис форум што ќе се одржи под координација на Министерството за трговија на Турција и во организација на Советот за надворешно економски односи (ДЕИК) и Министерството за меѓународна трговија на Англија. 

Министерката Рухсар Пекџан исто така ќе го отвори и Турскиот трговски центар во Лондон.



Слични вести