Руските туристички работници го поддржуваат визното олеснување за турските граѓани

Претседателот на руската федерална туристичка агенција (Ростуризм) Олег Сафонов рече: „Го поддржуваме секој чекор во правец на олеснување на визите (за турските граѓани). Ваквиот чекор ќе влијае позитивно и на протокот на туристи од Турција кон Русија“

Руските туристички работници го поддржуваат визното олеснување за турските граѓани

Претседателот на руската федерална туристичка агенција (Ростуризм) Олег Сафонов во дадената изјава на Источниот економски форум што се одржува во рускиот град Владивосток истакна дека во рамките на министерствата за надворешни работи на Русија и Турција се водат интензивни консултации по прашањето на олеснување на визниот режим за одредена категорија турски граѓани.

Сафонов рече дека го поддржуваат секој чекор во правец на олеснување на визите за турските граѓани.

Велејќи дека со задоволство ќе го дочекаат чекорот во таа насока, Сафонов рече: „Го поддржуваме секој чекор во правец на олеснување на визите (за турските граѓани). Ваквиот чекор ќе влијае позитивно и на протокот на туристи од Турција кон Русија. Нашите искуства покажуваат дека овој раст веднаш ќе изнесува околу 20,30 насто.“  

Инаку, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по остварената средба со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пред извесно време во Москва рече: „ Се договоривме со Турција по прашањето на формирање на заеднички консултационен механизам за олеснувањата кои што ќе бидат воведени во визниот режим за турските граѓани. По периодот на одмори ќе им бидат издадени неопходните директиви на нашите експерти. За кусо време ќе ги слушнете добрите вести по ова прашање.“ 

 

 



Слични вести