Пораст од 5,2 насто на турската економија во вториот квартал

Според начинот на производство, прогнозата за БДП според тековни цени, во вториот квартал на годинава во споредба со истиот период лани се зголеми за 20,4 насто и достигна 884 милијарди 4 милиони 260 лири

Пораст од 5,2 насто на турската економија во вториот квартал

Турскиот завод за статистика (ТУИК) ги објави податоците за Бруто домашниот производ (БДП) за вториот квартал (април-јуни).

Според прогнозите за БДП, верижниот волуменски индекс во вториот квартал на годинава постигна раст од 5,2 насто.

Според начинот на производство, прогнозата за БДП според тековни цени, во вториот квартал на годинава во споредба со истиот период лани се зголеми за 20,4 насто и достигна 884 милијарди 4 милиони 260 лири.

Гледано од аспект на активностите кои ја сочинуваат основата на БДП, додадената вредност на верижниот волуменски индекс на земјоделскиот сектор во вториот квартал на годинава во споредба со истиот период лани се зголеми за 1,5 насто, на индустрискиот сектор за 4,3 насто, а на градежниот сектор за 0,8 насто.

Додадената вредност на услужниот сектор кој се состои од трговија, транспорт, ноќевање и храна се зголеми за 8 насто.



Слични вести