Албајрак: Провокативниот став на Трамп ја зголеми одлучноста на турската економија кон зајакнување

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во статијата за американското списание „Фореин полиси“ напиша дека провокативниот став на американскиот претседател Доналд Трамп кон Турција ја зголеми одлучноста на турската економија кон зајакнување

Албајрак: Провокативниот став на Трамп ја зголеми одлучноста на турската економија кон зајакнување

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак  во статијата што ја напиша за американското списание „Фореин полиси“ („Foreign Policy“) направи проценка на ставот на САД кон Турција.

Албајрак истакна дека уште еднаш се докажа дека турската економија располага со силни корења.

Нагласувајќи дека во текот на глобалната економија Америка веќе е недоверлива, Албајрак напомена дека провокативниот став на американскиот претседател Доналд Трамп кон Турција ја зголеми одлучноста на турската економија кон зајакнување, која инаку уште еднаш покажа дека расплага со силни темели.

Министерот Албајрак истакна дека провокативниот напад на Трамп се прифаќа како закана и од страна на другите земји и во статијата напиша: „Недоличното користење на економијата како оружје од страна на Вашингтон ги разбуди голем број земји и инвеститори во светот.  Овој напад е прифатен како ризик и за глобалните пазари, а не само за иднината на сојузот помеѓу Турција и САД.“  

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак ги повика другите земи и странските инвститори да соработуваат со Турција за иднината на глобалната економија.

 



Слични вести