Заеднички проект за фистаци од Турција и Иран

На крајот од разговорите што ќе се одржат со членовите на Унијата на извозниците на фистак на Иран во Институтот за истражување на фистаци во склопот на министерството за земјоделство и шумарство на Турција, ќе бидат разменети искуства помеѓу двете земји

Заеднички проект за фистаци од Турција и Иран

Иран и Турција како две водечки земји во производството на фистаци со меѓусебната соработка што ќе ја реализираат имаат за цел со заеднички проекти да ги решат проблемите со кои што се соочуваат во производството на фистаци.

Во тие рамки, на крајот од разговорите што ќе се одржат со членовите на Унијата на извозниците на фистак на Иран во Институтот за истражување на фистаци во склопот на министерството за земјоделство и шумарство на Турција, ќе бидат разменети искуства помеѓу двете земји на ова поле.

Делегација составена од експерти на Иран и Турција како второпласирана и третопласирана земја во производството на фистак по водечката земја САД, има за цел со надминување на проблемите во производството на фистаци со помош на заеднички проекти кои што ќе ги развијат да се добие висока реколта и квалитетни производи.



Слични вести