Намалена стапката на индустриското производство во еврозоната

Индексот на купување на менаџери (ПМИ) на индустриското производство на еврозоната во август се намали на 54,6 поени

Намалена стапката на индустриското производство во еврозоната

Индексот на купување на менаџери (ПМИ) на индустриското производство на еврозоната во август се намали на 54,6 поени и се намали на најниска стапка од ноември 2016 наваму.

Според последните податоци на Установата за економски истражувања „IHS Markit Economics“, индексот на купување на менаџери ПМИ во јули изнесуваше 55,1 поени, додека во август се намали на 54,6 поени. На тој начин индустриското производство од ноември 2016 година посочи на најниската стапка на раст.

Според „IHS Markit Economics“, ПМИ го рефлектира намалувањето на интензитетот на секторот во текот на 2018 година, поради што изнесува 6 поени под рекордното ниво во декември 2017. Меѓудругото забавувањето на производствениот сектор во 2018 година на сличен начин се поистоветува со слабеењето на извозот.

Главниот економист на „IHS Markit Economics“ Крис Вилијамсон во освртот на прашањето рече:

„Фабриките на еврозоната во август пријавија силен подем на производството додека новиот раст на набавките се намали на најниско ниво во последните две години поради што предизвика продолабочување на загриженоста и намалување на очекувањата“.

Од друга страна пак, последните податоци ги потврдија претходно најавените податоци.



Слични вести