Албајрак: Централната банка на Турција е понезависна од Централните банки на голем број земји

Министреот за трезор и финансии Берат Албајрак изјави за Ројтерс дека Централната банка на Турција е независна колку што не се независни Централните банки на голем број земји

Албајрак: Централната банка на Турција е понезависна од Централните банки на голем број земји

Министреот за трезор и финансии Берат Албајрак даде интервју за британската новинска агенција Ројтерс каде што истакна дека Централната банка на Турција е независна колку што не се независни Централните банки на голем број земји. 

Велејќи дека ограничувањето кое што е воведено за задолжување со девизи ќе ја намали нестабилноста на курсот, Албајрак привлече внимание дека тоа ќе ја подобри инфлацијата и ќе обезбеди поздрав раст во економијата.

Министерот Албајрак истакна дека институциите за водење на сеоопафтна борба против инфлацијата ги реализираат сите неопходни студии со сите средства со кои што располагаат и додаде дека нема да стане збор за затскриена контрола на капиталот.

Албајрак подвлече дека Централната банка на Турција е понезависна од Централните банки на голем број земји.

Подвлекувајќу дека Турција не планира да се обрати до Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и дека е фокусирана на привлекување капитал во земјата, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак потсети дека воената соработка со САД пак продолжува.

„Нашето стратешко партнерство со САД ќе продолжи.“ - рече Албајрак.



Слични вести