Надворешниот трговски дефицит на Турција во август намален за 57,95 насто

Во месец август 2018 година надворешниот трговски дефицит на Турција се намали за 57,95 насто и опадна на 2 милијарди 487 милиони долари

Надворешниот трговски дефицит на Турција во август намален за 57,95 насто

Извозот на Турција во месец август оваа (2018) година изнесува 12 милијарди 389 милиони долари.

Министерството за трговија ги соопшти статистичките податоци за надворешната трговија на Турција во врска со месец август 2018 година.

Според тоа извозот во август годинава во споредба со истиот месец (август) минатата (2017) година се намали за 6,49 насто и изнесува 12 милијарди 389 милиони долари. 

Увозот пак се намали за 22,38 насто и изнесува 14 милијарди 875 милиони долари.

Во надворешната трговијата пристигна и еден крајно значаен податок.

Во месец август 2018 година надворешниот трговски дефицит се намали за 57,95 насто и опадна на 2 милијарди 487 милиони долари.

Според податоците, извозот на Турција во август оваа година изнесува 12 милијарди 389 милиони долари, а увозот 14 милијарди 875 милиони долари.

Покриеноста на увозот со извозот во август 2017 година изнесуваше 69,1, додека истиот месец оваа година се зголеми на 83,3 насто.

 



Слични вести