Пораст на извозот на Турција во јули за 11,6 насто

Увозот се намали за 6,7 насто и изнесува 20 милијарди 69 милиони долари

Пораст на извозот на Турција во јули за 11,6 насто

Турската економија и покрај сите напади продолжува да дава поволни сигнали.

Заводот за статистика на Турција и Министерството за трговија ги објавија привремените статистички податоци за надворешна трговија за јули 2018.

Според податоците, извозот на земјава во јули во споредба со истиот период минатата година се зголеми за 11,6 насто и достигна 14 милијарди 77 милиони долари.

Увозот се намали за 6,7 насто и изнесува 20 милијарди 69 милиони долари.

Надворешниот трговски дефицит во овој период се намали за 32,6 насто и изнесува 5 милијарди 982 милиони долари.

Стапката на покриеност на увозот со извозот во јули 2017 изнесуваше 58,7 насто, додека во јули 2018 година 70,2 насто.



Слични вести