Министерот за трезор и финансии Албајрак: Доларот ја губи својата доверливост во глобалниот систем

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак уште еднаш повтори дека доларот ја губи својата доверливост во глобалниот систем и додаде дека темелите на турската економија се здрави

Министерот за трезор и финансии Албајрак: Доларот ја губи својата доверливост во глобалниот систем

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во авионот на враќање од неговата посета на Франција даде изјава за претставниците на печатот и притоа уште еднаш повтори дека доларот ја губи својата доверливост во глобалниот систем.

Албајрак рече дека се започнати работите за спречување на издавањето под кирија со долари на просториите во купопродажните центри и на недвижнините и напомена дека овие законски уредби во најскоро време ќе бидат доставени до Собранието.

Велејќи дека Турција е подложена на севкупен напад, Берат Албајрак подвлече дека е извлечена лекција од овој процес и дека тоа се оценува како можност за стекнување со посилна структура.

Албајрак нагласи дека темелите на турската економија се здрави и рече: „Ќе ги ставиме во примена сите структурални реформи, краткорочните, среднорочните и долгорочните стратегии и законодавните промени.“

Министерот Албајрак подвлече дека доларот веќе нема своја доверливост во глобалниот систем, а воедно информира дека се договорени инвестиции со некои земји и рече: „Оној кој ќе го изпушти возот на Турција ќе загуби.“

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак исто така достави порака со поддршка и до реалниот сектор во врска со што рече: „Реалната економија на Турција е кокошка која снесува златни јајца. Нема да му дозволиме на никого да ја заколе оваа кокошка.“

 



Слични вести