Во Бодрум пристигнаа два ултра луксузни брода за крстарење со 2.067 туристи

Два ултра луксузни брода за крстарење „Marella Discovery 2“ и „Star Flyer“ на кои се наоѓаа вкупно 2.067 туристи пристигнаа во познатото туристичко одморалиште Бодрум кај градот Мугла

Во Бодрум пристигнаа два ултра луксузни брода за крстарење со 2.067 туристи

Во познатото туристичко одморалиште Бодрум кај градот Мугла пристигнаа два ултра луксузни брода за крстосување со 2.067 туристи.  

Бродот за крстарење „Marella Discovery 2“ кој што плови под знамето на Бахамските острови во должина од 264 метри, се доближи до скелата во близина на Пашатарласи.

На овој ултра луксузен брод за крстосување кој што во оваа сезона по четврти пат доаѓа во Бодрум се наоѓаат 1.905 патници од кои повеќето Англичани и 755 членови на екипажот.

Вториот брод за крстарење „Star Flyer“ кој што плови под знамето на Малта во должина од 112 метри пак годинава доаѓа за прв пат во Бодрум и на овој ултра луксузен брод се наоѓаат 162 патници од кои повеќето Американци и Германци и 76 членови на екипажот.

По царинските постапки туристите слегоа од двата ултра луксузни брода за крстарење и шетаа по брегот.

Некои од туристите кои ги посетија културно-историските знаменитости  на Бодрум и беа на шопинг по туристичкото одморалиште потоа се сончаа на плажите на Пашатарласи и Кумбахче и се капеа во морето.

Бродот „Star Flyer“ од Бодрум во вечерните часови ќе отплови за Далјан, едно друго познато туристичко одморалиште кај градот Мугла, а бродот „Marella Discovery 2“ ќе отплови за грчкиот остров Крит.



Слични вести