Турција една од најомилените дестинации за одмор за Германците

Бројот на германските туристи кои допатуваа за одмор во Турција во периодот јануари-јуни од оваа (2018) година во споредба со истиот период минатата (2017) година забележа раст од приближно 10 насто и се зголеми на 1 милион 560 илјади 251 лица

Турција една од најомилените дестинации за одмор за Германците

Томас Кук од Германија, како еден од најголемите тур-оператори на европскиот пазар поради порастот на побарувачката за одмор во Турција бројот на авионските седишта за летната сезона го зголеми за 25.000, а за есенската сезона за 6.000.

Според добиени информации од функционери на Томас Кук од Германија, оваа летна сезона Турција заедно и со Шпанија и Грција стана едната од најомилените дестинации на Германците за поминување на својот одмор.

Функционерите на Томас Кук како причина пак поради која Турција се најде меѓу најомилените земји на германскиот пазар за одмор ги наведоа „квалитетните производи, квалитетната услуга и госпопримството на Турците“.

Бројот на германските туристи кои допатуваа за одмор во Турција во периодот јануари-јуни од оваа (2018) година во споредба со истиот период минатата (2017) година забележа раст од приближно 10 насто и се зголеми на 1 милион 560 илјади 251 лица. 

Инаку, Германија после Русија е втора земја од која доаѓаат најголем број туристи за одмор во Турција.



Слични вести