Туркиш Ерлајнс за 7 месеци превезе 43,2 милиони патници

Вкупниот број на авиопатници на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) кој што во периодот јануари-јули 2017 година изнесуваше 37,5 милиони во истиот период од 7 месеци од годинава (2018) со раст од 15,2 насто се зголеми на 43,2 милиони патници

Туркиш Ерлајнс за 7 месеци превезе 43,2 милиони патници

Бројот на патници на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) во периодот јануари-јули од оваа (2018) година во споредба со истиот период минатата (2017) година освари раст од 15,2 насто и се зголеми на 43,2 милиони.

Според податоците за воздушен сообраќај за периодот јануари-јули 2018 година на Платформата на Турската авиокомпанија ТХЈ за информирање на јавноста, вкупниот број на авиопатници кој што за 7 месеци во периодот јануари-јули 2017 година изнесуваше 37,5 милиони во истиот период од 7 месеци од годинава (2018) со раст од 15,2 насто се зголеми на 43,2 милиони патници.

Во бројот на авиопатници на домашни линии е регистриран раст од 17 насто, а на меѓународни линии раст од 13,8 насто.

Процентот на пополнетост во патници со раст од 3,8 насто достигна до 81,2 насто.

Количината на карго и пошта кои што беа носени по воздушен пат во месец јули минатата (2017) година изнесуваше 99.574 тони, додека истиот месец од оваа (2018) година со раст од 19,6 насто се зголеми на 119.098 тони.

Процентот на пополнетост во авиопатници во Африка се зголеми за 5,4 насто, на Блискиот исток 4,1 насто и во Северна Америка 3,4 насто, додека во бројот на авиопатници на Блискиот исток е остварен раст од 8 насто, во Африка од 10 насто и во Европа раст од 9,5 насто.

Според истите податоци воедно се истакнува дека во 2018 година се има за цел да бидат превезени вкупно 75 милиони авиопатници, да се достигне до процент на пополнетост од 81 насто и да бидат обезбедени приходи во износ од приближно 12,5 милијарди долари.

 



Слични вести