Соопштени датумот на преместување и дестинациите на првите летови на новиот аеродром во Истанбул

Работите за преместување на новиот аеродром во Истанбул ќе започнат на 29 октовмри, првиот авионски лет на домашни линии ќе се реализира на 31 октомври од Истанбул за Анкара, а на меѓунариодни линии на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Азербејџан

Соопштени датумот на преместување и дестинациите на првите летови на новиот аеродром во Истанбул

Соопштени датумот на преместување и дестинаците на првите авионски летови што ќе се реализираат од новиот аеродром во Истанбул.

Работите за преместување на новиот аеродром во Истанбул каде што 95 насто од градбените работи се завршени ќе започнат на 29 октомври годинава.

Првиот авионски лет на домашни линии од новиот аеродром во Истанбул ќе биде реализиран на 31 октомври 2018 година во 14:00 часот од Истанбул за Анкара.

Првите авионски летови на меѓународни линии ќе се реализираат на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Азербејџан.

Претседателот на Управниот одбор на Турската авиокомпанија ТХЈ Илер Ајџи изјави дека работите за преместување од сегашниот аеродром Ататурк на новиот аеродром ќе траат приближно 45 часа и рече: „Заедно со преместувањето на новиот аеродром ќе започне најголемата миграција во историјата на воздухопловството. Ќе бидат пренесени вкупно 15 илјади возила. Во работите за преместување ќе употребиме 15 илјади ТИР камиони. На новиот аеродром на Турската авиокомпанија ТХЈ ќе има специјален салон за патници со површина од 10 илјади квадратни метри. Ќе има паркиралиште за 40 илјади возила.“



Слични вести