„Старбакс“ најави дека ќе забрани пластични сламки во 8.000 продавници во светот

Познатиот американски ланец „Старбакс“ најави дека ќе забрани пластични сламки во сите свои продавници во светот за помалку од две години, поради заканата по животната средина и океаните во светот.

„Старбакс“ е најголема компанија за производство на храна и пијалаци која работи на глобално ниво.

Од „Старбакс“ вчера ја соопштија одлуката за укинување на употребата на сламки во 8.000 продавници во Соединетите Американски Држави и Канада за одредени напитоци.

Компанијата „Starbucks Coffee Co.“ проценува дека со елиминирање на сламките од 8.000 продавници ќе заштеди повеќе од милијарда пластични сламки годишно.

Одлуката на компанијата е соопштена по една недела откако во градот Сиетл беше забранета употребата на пластични сламки и садови за еднократна употреба на компаниите што продаваат храна или пијалак во тој град.

Од „Старбакс“ велат дека ладните пијалаци во кои обично е вклучена сламка, изнесуваат 50 отсто од пијалаците што се продаваат во нивните продавници, а овој број изнесувал само 37 отсто пред пет години.

Кевин Кевин Џонсон  СЕО на „Старбакс“ одлуката на компанијата ја оцени како мошне важна пресвртна точка.

Активистите како и организацијата за заштита на природата со задоволство ја примија веста на „Старбакс“.

Слични вести