Турција во периодот јануари-јуни оствари извоз на чај во висина од 4,5 милиони долари

Според податоците на Унијата на извозници од источноцрноморската област, во првата половина од годинава од Турција беше извезен чај во 93 земји ширум светот во висина од од 4 милиони 504 илјади 632 долари

Турција во периодот јануари-јуни оствари извоз на чај во висина од 4,5 милиони долари

Во периодот јануари-јуни оваа (2018) година од Турција е реализиран извоз на чај во висина од 4 милиони 504 илјади 632 долари.

Според податоците на Унијата на извозници од источноцрноморската област, во првата половина од годинава од Турција беше извезен чај во 93 земји ширум светот.

На првото место меѓу 93-те земји се наоѓа Германија каде што е остварен извоз во висина од 608 илјади 71 долар.

По Германија редум следуваат Турската Република Северен Кипар (ТРСК) каде што е остварен извоз од 541 илјада 890 долари, САД 491 илјада 535 долари, Белгија 437 илјади 664 долари и Холандија со 394 илјади 632 долари.

Во периодот од шест месеци годинава е реализиран извоз на чај од Турција и во земји како што се Етиопија, Сингапур, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Гамбија, Сенегал, Танзанија, Оман и Парагвај.



Слични вести