Терористичките напади во ЕУ во периодот од 2004-2016 година Европа ја чинеа 185 милијарди евра

Вкупниот износ на цената на чинење на тероризмот врз Бруто домашниот производ (БДП) на ЕУ изнесува 179 милијарди 811,9 милиони евра

Терористичките напади во ЕУ во периодот од 2004-2016 година Европа ја чинеа 185 милијарди евра

Цената на чинење на терористичките напади во ЕУ во периодот од 2004-2016 година економијата ја чинеа околу 185 милијарди евра.

Службата за истражување на Европскиот парламент го објави извештајот „Борбата против тероризмот“.

Според извештајот, цената на чинење на терористичките напади во периодот од 2004 до 2016 година врз економијата на ЕУ изнесуваше 185 милијарди 431 милиони евра.

Вкупниот износ на цената на чинење на тероризмот врз Бруто домашниот производ (БДП) на ЕУ изнесува 179 милијарди 811,9 милиони евра.

Како последица на терористичките напади беа доживеани човечки загуби, повреди и оштетување на инфраструктурата чија цена на чинење изнесува околу 5 милијарди 619,3 милиони евра.

Тероризмот предизвика штета на сметка на трговијата, директните инвестиции, транспортот и туризмот.

Мерките и санкциите кои што беа преземени во земјите членки на ЕУ во борбата против тероризмот предизвикаа последици на сметка на прекршувањето на основните права на некои општествени групи и заедници.

Меѓу земјите членки на ЕУ, Франција беше една од земјите која што беше изложена на најголема материјална штета на тероризмот.

Имено во овој период, цената на чинење на тероризмот во Франција изнесуваше 44 милијарди 943,5 милиони евра.

По Франција, со 44 милијарди 384,7 милиони евра на второ место се наѓа Британија, со 42 милијарди 721,7 милиони евра Шпанија, со 19 милијарди 457,8 милиони евра Германија, со 10 милијарди 522,3 милиони евра Грција и со 8 милијарди 161,6 милиони евра Белгија.

Од друга страна пак, Словенија, Луксембург, Литванија и Летонија немаат никаква материјална загуба од тероризмот.



Слични вести