Производството на домашниот електричен автомобил ќе започне во 2021 година

Како резултат на тоа, во Турција ќе се развијат околу 100 сектори и тоа информатичкиот, софтверскиот и дигиталните технологии

Производството на домашниот електричен автомобил ќе започне во 2021 година

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека производството на домашниот електричен автомобил ќе започне во 2021 година и дека ќе обезбеди придонес за Бруто домашниот производ (БДП) од 50 милијарди евра.

Во пораката преку профилот на твитер, претседателот Ердоган ги наброја придонесите на производството на домашниот автомобил за економијата на Турција.

Ердоган рече дека како резултат на тоа, во Турција ќе се развијат околу 100 сектори и тоа информатичкиот, софтверскиот и дигиталните технологии. Ќе се намали зависноста од нафта. Исто така ќе се одрази врз развојот и усовршувањето на паметните системи за возење и идните технологии, потенцираше Ердоган.

Во постот на твитер беа објавени и податоци во врска со извозот на автомобилската индустрија, според кои извозот до 2002 година изнесувал 4,8 милијарди долари, додека во 2017 година со пораст од 6 пати достигнал 28,5 милијарди долари, додека годишното производство на автомобили во автомобилската индустрија во 2002 година изнесуваше 347 илјади, оваа бројка во 2017 година се зголеми за 4,8 пати и достигна 1 милион 696 илјади автомобили.



Слични вести