Светската банка го одобри кредитот за езерото Туз во износ од 600 милиони долари

Со помош на кредитот на отплаќање од 22 и пол месеци од кои првите 7 години нема да се отплаќа ништо капацитетот за складирање на природен гас во езерото Туз кој што изнесува 1 милијарда кубни метри ќе се зголеми за уште 4 милијарди кубни метри

Светската банка го одобри кредитот за езерото Туз во износ од 600 милиони долари

Светската банка го одобри  кредитот за езерото Туз (Соленото езеро, на турски: Tuz Gölü) во износ од 600 милиони долари. 

Со кредитот во износ од 600 милиони долари кој беше одобрен од страна на Советот на извршни директори на Светската банка ќе се прошири постројката за складирање на природен гас во езерото Туз (Соленото езеро).

Со помош на кредитот на отплаќање од 22 и пол месеци од кои првите 7 години нема да се отплаќа ништо капацитетот за складирање на природен гас во езерото Туз кој што изнесува 1 милијарда кубни метри ќе се зголеми за уште 4 милијарди кубни метри.

Првиот природен гас во постројката за подземно складирање на гас во езерото Туз почна да се складира со церемонијата што се одржа на 19 февруари 2017 година на која учествуваше и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Инаку, езерото Туз или Соленото езеро (на турски: Tuz Gölü) се наоѓа во внатрешноанадолската област на местото каде што се пресекуваат границите на трите окрузи (градови) Анкара, Конја и Аксарај.



Слични вести