Безвизниот режим помеѓу Турција и Украина ги дава и своите плодови

Во 2017 година Турција беше најмногу посетувана земја од страна на Украина од каде што допатуваа 1 милион 300 илјади посетители, додека во текот на истата година (2017) Украина ја посетија 270 илјади туристи од Турција

Безвизниот режим помеѓу Турција и Украина ги дава и своите плодови

Турција во 2017 година беше најмногу посетувана земја од страна на Украина од каде што допатуваа 1,3 милиони лица, додека бројот на лицата кои во 2017 година од Турција заминаа во посета на Украина изнесуваше 270 илјади.

Во извештајот на Унијата на хотелиерите на Турција (ТУРОБ) се истакнува дека оваа година (2018) се предвидува бројот на туристите од Украина да достигне до 1,5 милиони лица и пораст од најмалку 20-насто во бројот на посетители од Турција во Украина. 

Во извештајот се вели дека укинувањето на визите помеѓу Турција и Украина, како и применувањата како што се можностите за патување со лични карти наместо со пасоши и ставените спогодби во примена во сферата на сточарството, пружат значајни можности во сферата на туризмот и овие можности почнаа да ги даваат и своите плодови. Минатата година (2017) Турција со 1 милион 284 илјади лица беше најпосетувана земја од страна на Украинските граѓани, додека исто така минатата година (2017) бројот на туристите од Турција кои ја посетија Украина достигна до значајна бројка од 270 илјади лица.

Во извештајот на Унијата на хотелиерите на Турција (ТУРОБ) каде што се изнесуваат прогнози и очекувања во врска со украинскиот пазар се укажува на тоа дека бележи стабилен раст бројот на туристите кои доаѓаат од Украина во нашата земја и се додава следното: „Турција е најпопуларната странска дестинација во Украина.“  

Во истиот извештај се наведува дека бројот на туристите кои годишно излегуваат од Украина на туристички посети изнесува приближно 1,9 милиони лица и дека земја која води со голема предност во оваа сфера е Турција.



Слични вести