Нов историски рекорд на Туркиш Ерлајнс во процентот на пополнетост

Туркиш Ерлајнс во првите три месеци од 2018 година превезе вкупно 17 милиони патници и со процент на пополнетост од 80,5 постигна нов рекорд во историјата на авиокомпанијата

Нов историски рекорд на Туркиш Ерлајнс во процентот на пополнетост

Турската Авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) во првиот квартал од годинава собори рекорд во процентот на пополнетост.

Туркиш Ерлајнс во првите три месеци од 2018 година достигна до пополнетост од 80,5 насто што претставува највисок процент на пополнетост во својата историја.

На тој начин Турската Авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) во првите три месеци од 2018 година превезе 17 милиони патници.

Во месец март оваа година пак споредено со истиот месец минатата (2017) година беше остварен процент на пополнетост на патници во сите области на Турција.

Во Северна Америка е реализиран раст од 12 проценти, Централна и Јужна Америка 10 проценти, Африка 10 проценти и во Европа раст од 5 проценти.

Заедно со силниот раст во обемот на карго услуги и пошта во месец март во првиот квартал од годинава во споредба со истиот период минатата (2017) година е остварен раст од 38 насто и вкупната висина на карго услуги и пошта се зголеми на 312 илјади тони.
 

 



Слични вести