Инфлацијата во Турција во опаѓање

Стапката на инфлацијата во јануари изнесуваше 10,35 посто што значи пад во споредба со декември 2017 кога изнесуваше 11.92 посто.

Инфлацијата во Турција во опаѓање

Инфлацијата во Турција годината ја започна со пад.

Потрошувачкиот индекс во јануари достигна до 1,02 посто што е многу под очекуваното.

Очекуваното беше пораст од 1,36 посто.

Стапката на инфлацијата во јануари изнесуваше 10,35 посто што значи пад во споредба со декември 2017 кога изнесуваше 11.92 посто.

Прогнозите за стапката на инфлацијата до крајот на тековнава 2018 година се движат некаде околу 9,34 посто.

Инаку шампион во јануари според продажната цена на пазарот беа краставиците кои во споредба со декември поскапеа за 24,11 посто и карфиолот со 14,41 посто.

 

 



Слични вести