Турција во последните три месеци оствари извоз на 100 илјади тони лешници

За возврат на наведената количина лешници остваривме приходи од 648 милиони 255 илјади 549 долари

Турција во последните три месеци оствари извоз на 100 илјади тони лешници

Турција во првите три месеци на сезоната 2017-2018 оствари извоз на 100 илјади 651 тон лешници и приходи од 648,3 милиони долари.

Претседателот на УО на Црноморското здружение на извозници на лешници и производи од лешници Олјас Едип Севинч, рече дека сезоната на извозот на лешници 2017-2018 година стартуваше на 1 септември.

Во првите три месеци на сезоната беше остварен извоз на 100 илјади 651 тон лешници, рече Севинч и потенцираше:

За возврат на наведената количина лешници остваривме приходи од 648 милиони 255 илјади 549 долари. Лани во истиот период со извоз на 67 илјади 328 тони остваривме приходи од 619 милиони 942 илјади 545 долари.

Сезоната 2017-2018 година ќе заврши на 31 август и ќе направиме се што е во наша можност за зголемување на извозот, рече Севинч.



Слични вести