Заврши 30 насто од изградбата на морскиот дел на проектот Турски тек

Бродот Пионеринг Спирит кој ги поставува гасоводните цевки по дното на морето продолжува со активностите во Црното море

Заврши 30 насто од изградбата на морскиот дел на проектот Турски тек

Заврши изградбата на 30 насто од гасоводниот проект Турски тек во морето кој ќе го пренесува рускиот природен гас.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на компанијата ТуркСтрим, заврши поставувањето на 555 км гасоводни цевки во две длабоки точки на дното на Црното море.

Во соопштението беше истакнато дека изградбата на наведениот дел од 30 насто заврши за многу кратко време односно само 7 месеци.

Во меѓувреме, бродот Пионеринг Спирит кој ги поставува гасоводните цевки по дното на морето продолжува со активностите во Црното море.

Најголемиот градежен брод Пионеринг Спирит кој на 4 ноември влезе во исклучителната зона на Турција, поставува гасоводни цевки на длабочина од 2 191 метри. Бродот дневно може да постави 4 км цевки.

Морскиот дел на проектот кој се состои од две линии, од кои секоја ќе пренесува по 15,75 милијарди метри кубни природен гас се гради од страна на компанијата Саут Стрим Транспорт Б.В. во која руската компанија Газпром има 100 процентно учество.



Слични вести