Економијата на светот 45-2017

Модерниот Пат на свилата

Економијата на светот 45-2017

Патот на свилата кој го симболизира трговскиот пат кој почнува од Кина преку Анадолија и Медитеранот се простира до Европа, со векови обезбеди трговските стоки да се пренесуваат меѓу  исток и запад и обратно. Денес Кина со цел повторно да се оживее најголемиот транспортен проект „Еден појас, еден пат“ презема значајни иницијативи и  фрла значајни чекори за спроведување во дело на проектот Модерен Пат на свилата.

Проектот опфаќа 65 земји меѓу кои и Турција, односно околу 60 насто од севкупната популација на планетава. Имено станува збор за бројка од 4,4 милијарди луѓе. Со проектот кој опфаќа 40 насто од глобалната економија се предвидува да се оформат нови пазари во извозот и да се обезбеди разновидност на производи, кој процес повторно ќе ја обликува глобалната трговија.

Една од најзначајните цели на проектот е со спроведувањето на предвидените железнички линии, копнени патишта, пристаништа, аеродроми, гасоводи и други инфраструктурни проекти, воспоставување интерконтинентална интеграција. Овие иницијативи кои ќе ја збогатат и прошират лепезата на глобалните трговски патишта, од една страна се очекува да го намали времетраењето на патувањето, од друга страна пак да ги намали трошоците.

Турција како земја која има улога на мост меѓу Азија и Европа и се наоѓа во непосредна близина на Блискиот Исток, од стратешки аспект формира една од најзначајната алка на трговската мрежа од исток кон запад и обратно. Во тој контекст, врската на линијата на Економскиот појас на проектот Пат на свилата кој ќе ги опфати копнениот и железничкиот пат со Европа ќе се обезбеди преку Турција. Во рамките на проектот среден коридор на Модерниот Пат на свилата досега во Турција се остварени проектите Мармарај и мостот Јавуз Султан Селим. Изминатите денови беше пуштена во сообраќај и железничката линија Баку-Тбилиси-Карс со која беше завршена најзначајната етапа на проектот среден коридор. Со железничката линија Баку-Тбилиси-Карс која моментално располага со капацитет на превоз од 1 милион патници и 6,5 милиони тони товар, со текот на времето се предвидува овој капацитет да се зголеми на 3 милиони патници и 17 милиони тони товар.

Во рамките на проектот со вклучувањето на сите линии на брзи возови се претпоставува дека времетраењето на превозот на товарот кој на пат ќе тргне од Кина, преку средниот коридор благодарение на железничката линија Баку-Тбилиси-Карс  во европските земји ќе се намали на 12 до 15 дена. Досегашните железнички линии од Кина до Европа поминуваа низ Русија, но со вклучувањето на железничката линија Баку-Тбилиси-Карс се предвидува ова растојание да се намали за 7 илјади км.

Модерниот Пат на свилата освен тоа што го зголемува стратешкото значење на Турција во регионот, исто така претставува проект кој пружа извонредни можности за постигнување на предвидените цели во иднина. Соединувањето на трговската мрежа на Турција во правец исток запад со врзната точка меѓу Азија и Европа покажува дека претставува мошне значајна можност за привлекување на капиталот на Азија. Претворањето во предност на оваа можност зависи од односите и соработката кои што Турција ќе ги реализира со трговските партнери.

Енергијата е едно друго прашање кое што на преден план ќе го изнесе овој проект на Турција. Освен постоечките капацитети на гасоводните и нафтоводни линии, Турција продолжува со остварувањето на другите проекти и со сигурни чекори на патот да стане централна земја во трговијата со енергија поради што се наоѓа и во проектот Модерен Пат на свилата. Во случај да се фрлат потребните чекори за унапредување и развој на енергетската инфраструктура во остварувањето на проектите со Блискоисточните и Централноазиски земји кои што изобилуваат со богати енергетски извори и резерви, Турција како земја која што важи за една од најголемите пазари на енергетска побарувачка за извоз на истите, ќе предизвика да се насочат кон Турција и Европа.

Турција како земја која што се наоѓа на идеалниот пат на трансферната рута на енергијата, со постоечката енергетска инфраструктура освен тоа што ќе ги задоволи своите потреби, исто така ќе ги отвори патиштата за извоз во Европа. Турција како земја која се наоѓа во средината и може да ги развие енергетските односи меѓу Азија и Европа, со евентуалното формирање на енергетската берза како една од најзначајните цели, исто така може да одигра значајна улога во привлекувањето на регионалните и глобални актери во пазарот на земјата.

На крајот да кажеме дека Турција треба да ги искористи сите поволни можности на транзитната трговија која ќе се отвори со Модерниот Пат на свилата кој ќе се отвори во правец исток – запад и обратно и додека од една страна треба да ги развие извозните пазари од друга страна пак станува дел од глобалната трговска мрежа. Турција исто така треба да ги зајакне чекорите на патот да стане централна земја во трговијата со енергија.



Слични вести