Годинава се забележува значаен раст во патувањата во земјата

Во вториот квартал на годинава во Турција беа реализирани 17 милиони 731 илјади патувања

Годинава се забележува значаен раст во патувањата во земјата

Заводот за статистика на Турција (ТУИК) ги објави податоците за домашниот туризам за периодот април-јуни.

Бројот на патниците кои патуваа во овој период во земјава во споредба со истиот период лани се зголеми за 46,7 насто.

Секое петто патување имаше туристичка цел.

Во вториот квартал на годинава во Турција беа реализирани 17 милиони 731 илјади патувања.

69 насто од патувањата, односно најмалку две од три патувања беа остварени со цел посета на блиските роднини.

19 насто од остварените патувања беа реализирани со цел излети, разонода и одмор.

5.5 посто од патувањата имаа здравствена цел.

Трошоците на патниците во овој период во споредба со истиот период лани се зголемија за 53 насто.

Просечно за секое патување беа потрошени по 388 турски лири, вкупно околу 7 милијарди лири.

92 насто од трошоците се издвојуваат за лични трошоци, додека 8 насто за пакет турнеи.



Слични вести