Зејбекчи:Русија ја укина забраната за увоз на турски домати

Министерот за економија на Турција Нихат Зејбекчи изјави дека добил ветување од претседателот на Русија Владимир Путин дека е укината руската забрана за увоз на домати од Турција

Зејбекчи:Русија ја укина забраната за увоз на турски домати

Министерот за економија на Турција Нихат Зејбекчи изјави дека добил ветување од претседателот на Русија Владимир Путин дека е укината руската забрана за увоз на домати од Турција.

Министерот Зејбекчи рече дека се очекува деновиве укинувањето на забраната да биде официјализирана и да стапи во сила, што рече дека нема да потреа повеќе од два до три дена.

Зејбекчи додаде: Слушнавме дека забраната за увоз на домати од Турција е укината што нас особено не израдува,но ние очекуваме тоа да биде официјализирано. Можеме слободно да констатираме дека прашањето е веќе решено, лично од претседателот Путин ни беше речено дека забраната за увоз е укината, но ќе сочекаме неколку дена пред да отпочнеме со товарење на камионите кои во најскоро време ќе трнат на пат за Русија.

 



Слични вести