Економијата на светот 39-2017

Значајни пораки од претседателот Ердоган на седницата на генералното заседание на ОН

Економијата на светот 39-2017

Во рамките на 72-та седница на Генералното заседание на ОН во Њујорк, претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржа значајни средби со светските и лидерите на невладините организации како и различни сегменти. Пораките за постигнување меѓународен мир, спокојство, просперитет и одржлив свет за живеење во обраќањето до светските лидери на 72-та седница на Генералното заседание на ОН беше многу значајно.

Претседателот Ердоган во говорот на генералното заседание се осврна на кризата во Сирија, бегалците, Мијанмар, референдумот во Ирак како и кризата со Катар. Наведените прашања претставуваат значајна основа на заканата врз глобалниот мир како и сериозни ризици за меѓународната правда, безбедност и економијата. Во тој контекст Ердоган најпрвин се осврна на кризата во Сирија која се наоѓа веднаш покрај Турција.

Како што е познато, Турција ги искористи сите можности за изнаоѓање решение на кризата во Сирија а исто така на бегалците што ги прифати во земјата им ги пружи сите можности. Со прифаќањето на над 3 милиони бегалци од Сирија Турција се истакна како земја во целиот свет според хуманоста со тоа што им пружи престој, храна и здравствени услуги.

Секако дека трошоците на овие услуги на Турција кои достигнаа 30 милијарди долари во споредба со помошта која пристигна од целиот свет е многу поголема. На пример, помошта на ЕУ на бегалците беше ограничена само со 800 милиони евра, додека Турција во својство на 17-та економија на светот покажа многу супериорен перформанс.

Хуманитарната помош на Турција не е ограничена само со помошта на бегалците од Сирија. Турција во последно време пружа помош и на араканските муслимани кои бегаат од насилствата на војниците и будистите на Мијанмар. Турција помошта на настраданите аракански муслимани кои бегаат во Бангладеш им ја доставува со посредство на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, Црвената полумесечина и АФАД. Исто така остварува средби на регионално и меѓународно ниво и платформи за изнаоѓање решение на кризите. Меѓудругото, во периодот на привременото претседателствување со Исламската конференција за соработка, посветувањето приоритет на масакрите во Мијанмар, е само еден од значајните чекори за изнаоѓање решение на прашањето.

Едно друго прашање на кое се осврна претседателот Ердоган во говорот на седницата на ОН беше референдумот за независност на регионалната управа на северот на Ирак што се одржа вчера. Ердоган во оваа прилика рече дека Турција е против референдумот и дека одржувањето на истиот ќе предизвика тешки последици за регионот. Како што е познато најголем извор на економијата на Регионалната управа на северот на Ирак е извозот на нафта како и нафтоводот Киркук-Јумурталик. Голема улога во егзистенцијата на сегашната управа на Северот на Ирак има токму извозот на нафта што го остваруваше на меѓународните пазари преку Турција. Настојчивоста на Регионалната управа на северот на Ирак за одржување на референдумот ќе предизвика штета на трговските односи со Турција како што се извозот на нафтата преку Турција, економијата која се сотварува преку граничниот премин Хабур.

Заливската криза со Катар беше едно друго значајно прашање на кое се осврна претседателот Ердоган во говорот на седницата на ОН. Санкциите кои се спроведуваат врз Катар ќе предизвикаат неповолно влијание врз натамошниот развој на трговијата во заливот како и иднината на глобалниот пазар на природен гас. Денес Катар важи за глобален лидер од аспект на извозот на течен природен гас (ЛНГ) и поаѓајќи од фактот дека постигнувањето компромис во однос на постоечките проблеми и недоразбирања, истиот ќе ја определи иднината на регионот.

Ердоган во говорот упати критики на сметка на постоечката структура на СБ на ОН која се состои од пет постојани земји членки со право на вето. Ердоган во оваа прилика рече дека светот се наоѓа на многу поразлично ниво од она по Втората светска војна и дека ОН треба да се откажат од системот на донесување одлуки со вето. ОН кои по Втората светска војна беа формирани со цел да се воспостави траен мир и просперитет, денес за жал се претвори во нефункционална организација која не може да изнајде решение за кризите. Затоа, за постигнување одржлив и траен мир, најпрви треба да се изврши реформа в ОН, подвлече претседателот Ердоган.



Слични вести