Свечено отворен турски трговски центар во Њујорк

Центарот ќе биде поддржуван од Министерството на економија на Турција а ќе има за цел пласирање на турските производи и стоки на американскиот пазар

Свечено отворен турски трговски центар во Њујорк

Во најпрестижниот кварт на Њујорк со пригодна свеченост се отвори Турски тргоски центар.

Центарот ќе биде поддржуван од Министерството на економија на Турција а ќе има за цел пласирање на турските производи и стоки на американскиот пазар.

На свеченото отворање говореше министерот за економија на Турција Нихат Зејбекчи кој што рече дека економскиот напредок на Турција започна да се остварува во 80'те години од минатиот век во периодот на починатиот претседател на Република Турција Тургут Озал,кога Турција во вистинска смисла на зборот се проби на светските пазари.

За да може секоја година да обезбеди околу 1 милион нови работни места турското стопанство треба да доживее годишен економски раст од најмалку 5,5 посто,што истовремено ќе резултира со нови извори на финансирање и ппроизводство,подвлече министерот Зејбекчи.

Во продолжение од говорот министерот за економија Нихат Зејбекчи истакна дека кога се потготвуваше програмата на 65. влада акцентот беше ставен на поголемо производство,поголем извоз, и модел на производство наменето за извоз.

3,9 посто од вкупниот економски раст од 5,2 посто остварен во првиот и вториот квартал на 2017 година потекнува од производството и извозот, што беше и наша цел.Токму заради остварување на оваа цел во текот на 2016 година покренавме силна мобилизација за зголемување како на производството така и на извозот,додаде министерот Зејбекчи.



Слични вести