Турската економија во вториот квартал на годинава достигна раст од 5,1 насто

Со укинувањето на политичката неизвесност и допринесот на структурните реформи планираме да се искачиме на ниво со поголеми примања

Турската економија во вториот квартал на годинава достигна раст од 5,1 насто

Заводот за статистика на Турција (ТУИК) ги објави податоците за економски раст на земјата во вториот квартал.

Според податоците, прогнозата за бруто домашниот производ според производствениот метод заедно со тековните цени за истиот период достигна раст од 16,3 насто и изнесува околу 734 милијарди 211 милиони турски лири.

Верижниот волуменски индекс на вкупната додадена вредност на земјоделскиот сектор во периодот од април до јуни во споредба со истиот период лани достигна раст од 4,7 насто, вкупната додадена вредност на индустрискиот сектор 6раст од ,3 насто, на градежниот сектор од 6,8 насто. Вкупната додадена вредност на услужниот сектор кој се состои од трговски, транспортни, услуги за престој и храна раст од 5,7 насто.

Потпретседателот на владата Мехмет Шимшек рече дека се интензивира економските раст на Турцја и потенцираше:

Со укинувањето на политичката неизвесност и допринесот на структурните реформи планираме да се искачиме на ниво со поголеми примања.

Министерот за финансии Наџи Агбал рече дека бројките покажуваат колку беше успешно спроведувањето и имплементацијата на стимулативните и пакети на поддршка.

Министерот за развој Лутфу Елван пак рече:

Денешните показатели на економскиот раст претставуваат одраз на способноста и компетентноста на Турција за укинување на евентуалните ризици. Со високиот економски раст Турција позитивно се одвојува од останатите земји на ОЕЦД.



Слични вести