Стапката на индустриското производство на Турција ги надмина очекувањата

Најголем раст на месечно ниво беше забележан во енергетскиот сектор

Стапката на индустриското производство на Турција ги надмина очекувањата

Стапката на индустриското производство на Турција која претставува еден од водечките показатели за економскиот раст ги надмина очекувањата.

Според податоците на Заводот за статистика на Турција, стапката на индустриското производство во јули на годишно ниво достигна 14,5 насто.

Гледано од аспект на подсекторите на, индексот на производствениот сектор се зголеми за 2 насто, производството на електричната енергија, гасот, пареата и климатизацијата како и дистрибутивниот сектор за 4,8 насто.

Од аспект на главните индустриски групи најголем раст на месечно ниво беше забележан во енергетскиот сектор.

Најголем раст во потсекторите на производствениот сектор беше забележан во производството на компјутерските, електронските и оптички производи.



Слични вести