Дали опаѓа процентот на невработеноста во Турција ?

Според последните објавени податоци за невработеноста во Турција, заклучно со мај годинава процентот на невработеноста на ниво на земјата се движел околу 10,2 посто

Дали опаѓа процентот на невработеноста во Турција ?

Наталитетот кој што секојдневно забележува раст како во Турција така и во светот,од една страна придонесува во појава на одредена работна сила а од друга до исто така појава на проблемот на вработувањето. Невработеноста како еден од најгорливите проблеми денеска во светот е присутна и во Турција како земја во силен развој.

Според последните објавени податоци за невработеноста во Турција, заклучно со мај годинава процентот на невработеноста на ниво на земјата се движел околу 10,2 посто. Во јануари годинава процентот изнесувал 13 посто што значи дека во последните 5 месеци назадувал  за 2,5 посто. Во јануари 2017 година во Турција биле евидентирани 3.985.000 невработени лица, а во мај 3.225.000. Тоа практично значи дека од почетокот на годината до мај 760 000 невработени лица биле вработени. Секако дека не треба да се запостави овој факт кој е од исклучително големо значење. И тоа не случајно бидејќи приближно околу 2 милион лица нашле работа од јануари до мај годинава.

Кога говориме за намалувањето на стапката на невработеноста во Турција, не треба да заборавиме дека таа е во тренд на опаѓање, како што рековме пред малку. Според податоците за мај годинава за 621 000 лица е разликата меѓу минатата година во делот кој што се однесува на бројот на лицата кои нашле работа. Или изразено во вкупни бројки тој број изнесува 28.488 000.Околу 19,6 посто од нив работа нашле во земјоделието, 18,9 посто во индустријата, 7,5 посто во градежништвото, а 54 посто во секторот на услужни дејности.

Податоците покажуваат дека нејголем процент на вработување бил остварен во секторот на услужните дејности, каде во истиот период лани, значи во периодот јануари-мај бил оставрен раст од 0,9 посто во делот кој што се однесува на вкупниот број на вработувања. Тука секако дека голема улога имаат програмите за поттикнување кои што ги подготви надлежното министерство. Во рамките на поттикнувачките програми во првите 4 месеци од годинава биле вработени 1.816.000 невработени лица на ниво на цела Турција.

Земјоделието претставува еден друг важен сектор кој понуди нови работни места за вработување на невработените лица. Од почетокот на годинава заклучно со крајот на мај во земјоделието биле вработени 37.000 лица. Порастот на вработувањата бил најповеќе евидентен во текот на летните месеци кога е всушност и летната сезона на одгледување и на собирање на земјоделските плодови, потоа период на обработување на земјата и периодот на преорање на земјоделските површиниТтоа практично значи дека и во следните месеци, т.е. до крајот на есента земјоделието ќе биде сектор кој ќе вработува најголем процент на невработени на ниво на земјата.

Што се однесува до вработување на жените , и таму се забележуваат одредени позитивни промени во споредба со истиот период минатата 2016 година. Ако се осврнеме на бројките ќе забележиме дека во мај 2016 година вработеноста на жените процентуално изнесувала 32,5 посто, додека во мај 2017 година истиот процент изнесува 32,9 посто, што значи извесен напредок, но напредок кој укажува на поголем процент на вработување на жените во периодот што претстои. Не треба да се заборави фактот дека вработувањето на жената има големо значење од аспект на економскиот пораст на една земја.

Важен фактор во запазувањето на нискиот процент на невработеноста секако дека претставуваат ефикасните политки за вработување кои воедно имаат континуиран карактер. Во текот на 2017 година, било да се работи за  владините поттикнувачки мерки или за целокупната мобилизација на сите општествени сегменти, видовме дека сите тие поволно резултираа и дека дури и ги надминаа очекувањата.Тоа на најочигледен начин може да се забележи во извештаите за процентот на вработеноста во мај годинава.

Како резиме од сето досега кажано може да се истакне дека сиве овие поттикнувачки политики на владата, даваат позитивни резултати како во вработувањето на жените,така и во вработувањето на младите и способни кадри, што се на се се рефлектира и на општиот процент на невработеноста во земјата.



Слични вести