Економијата на светот 34/2017

Започнува реализацијата на политиките на национална енергија и рударство

Економијата на светот 34/2017

Со секој изминат ден се појавува еден нов проект во низата кои во рамките на политиките на национална енергија и рударство беа објавени во јавноста заклучно со 6 април годинава а под наслов „ Силна економија и национална безбедност.“ Како што е познато минатата недела беше објавен тендер за изградба на електрани на база на ветер кој го доби германски Сименс.Освен тоа во тек е реализацијата на неколку проекти на база на искористување на јагленот како енергенс, а во тие рамки  се води политика на поттикнување на потрошувачите на користење на јагленот и тоа наместо увозниот да се користи јагленот од домашните резерви.

Од крајо големо значење претставува политиката на национална енергија и рударство која што се обликува во пазарната оска на безбедна енергетска понуда а во контекст на утврдување на енергетската визија на Турција за во иднина. Турција вложува напори за намалување на зависноста од енергија од надвор и во тие рамки води активности во правец на реализација на енергетски проекти кои предвидуваат користење на домашни енегетски извори во потрошувачката на енергија како за домаќинствата,така и во индустриското производство.

Во делот кој што се однесува на обезбедување постојана и одржлива енергија особено за изградба на складишта за гас, се во фаза на реализација особено во рамките на пребарување на нафта и гас во басените на Црното и Средоземното море.

Турција како земја која цели кон сведување на ризиците по енергијата на најниско ниво презема важни потези во обезбедување на разноликоста на енергетсниот увоз, и кога сме веќе тука не треба да се заборави да се потенцира на фактот дека токму тука од голема важност се проектите за изградба на гасоводи и нафтоводи.

Проектите како што се ТАНАП за кој што се предводува да започне да функционира кон средината на 2018 година, како и проектот Турски тек, кој што исто така се предвидува да започне да функционира во 2020 година, ќе имаат големо значење за Турција во следниот период како од аспект на понудата така и од аспект на безбедноста на енергетските коридори. Турција која не изобилува со богатство од фосилна енергија, овој недостаток настојува да го надокнади искористувајќи ги предностите кои што ги нуди нејзината географска поставеност.Токму заради тоа  Министерството за енергија и природни ресуси како одговорен владин ресор, паралелно со тоа и останатите органи и институции од сверата на енергијата посветуваат поголемо внимание на  реализација на инфраструктурни проекти. Турција во следниот период без да губи време треба целосно да се посвети на инвестициони вложувања во енергетскиот сектор. Поаѓајќи од тоа политиките на национална енергија и рударство може да се оценуваат како вид карта на која ќе бидат зацртани следните енергетски цели на земјата.

....................

Во услови кога енергетската политика се заокружува во овие контури и во една ваква рамка ,вториот важен момент во сето тоа е поттикнување на рударството како сектор кој и покрај тоа што располага со огромен потенција и големи количини на ресурси во последните години беше помалку запоставен. Во тие рамки не без причина изготвувањето на геофизички и геохемиски карти во рамките на политиките посветени на националната енергија и рударството се од големо значење како патокази за откривање на нови извори на енергија.

За откривање на сиот овој потенцијал неопходна е координирана технолошка и човечка инвестиција,како и развивање на научно истражувачки и развојни политики  на секторална база.

Како последно пред неколку дена Министерството за енетгија и природни ресурси и Министерството за национално образование потпишаа Протокол за  стручна обука и соработка со цел надминување на недостатокот од работна сила во вид на кваливикувани работници во енергетскиот и рударскиот сектор. Протоколот предвидува отворање на 12 средни училишта во 11 градови како извор на нови квалификувани кадри. На тој начин Турција од една страна ќе ги искористи сопствените енергетсаки потенцијали а од друга ќе обезбеди нови вработувања. Сето тоа на поширок план ќе резултира со претворање на Турција во регионален и глобален енергетски актер.

Автор проф.др. Ердал Танас Караѓол



Слични вести