Економијатана светот 32/2017

Единаесеттиот план за обнова и развој на Република Турција

Економијатана светот 32/2017

Досега во постоењето на Република Tурција беа реализирани вкупно 10 планови за опбнова и развој. Последниот,десети план за обнова и развој кој започна да се спроведува во 2014 година ќе треба да заврши во 2018.Што значи дека остана сосема малку време за подготвување на следниот 11 план за развој кој што ќе започне да се применува во периодот 2019-2023 година.Турската економија со остварувањето на 11 план за развој ќе добие нов елан и во сиот овој процес ќе добие можност за конструктивна транзиција во сите сектори и на брз начин.

За жал со одредени блокажи и со одредени внатрешни и надворешни интервенции како да се сакаше да се запре овој напредок на Турција.Или поинаку кажано основната цел на овие блокади беше да се забави економскиот залет на Турција ,воедно и да се расипат нејсините економски контакти и соработката која ја постигна како на регионален така и на глобален план.

Најголема интервенција на овој план секако дека беше обидот за воен преврат на 15 јули минатата година.По воениот преврат на 15 јули кој беше неуспешен како да се сакаше турската економија како со притисоци од внатре така и од надвор да се доведе до ситуација да стагнира. Дури и одредени меѓународни рејтинг асоцијации отидоа до таму што ја намалија кредитната оценка на Турција, а дел од нив објавија негативни извештаи за турската економија.

Сепак и покрај сиве овие негативни појави турската економија како на макро така и на микро план не забележа поголема осцилација во параметрите. Дури може да се каже дека се случи сосема спротивното. Тие не само што се задржаа на позитивно ниво туку продолжија да се качуваат на погоре. Во тие рамки во следните 5 години овие позитивни показатели ќе одиграат голема улога во утврдувањето на политичките и стратегиските цели на Република Турција,што на крајот на краиштата ќе резултира со зацртување на еспешна карта за иднината на економијата на земјата.

Најважен сегмент на 11  план за развој на Република Турција претставуваат Комисиите за дообука.Планот предвидува овие комисии да се формираат во 43 гранки и да ги соберат по еден покрив претставниците на јавниот и приватниот сектор, граѓанските организации и академици.На тој начин ќе бидат определени основните контури на 11 план за развој земајќи ги во предвид предлог иницијативите на сите сегменти од општеството.

Динамиките на растот, во себе ги содржат сегментите како што се макроекономските показатели на експертските комисии како што е на пример комисијата за борба со инфлацијата. Освен оваа комисија ќе бидат конституирани и следните други  комисии, и тоа комисија за  финансии, комисија за наука и информатика, комисија за производствена индустриска политика, комисија за безбедност и продуктивност на енергијата, комисија за распределба на доходите и сиромаштија ,комисија за пазар на труд, комисија за вработување на млади, комисија за социјален и економски просперитет и друго.

Политичките оски за кои што станува збор се однесуваат на  зајакнување на врската меѓу образованието и вработувањето, потоа на обезбедување на  доверба и еластичност во  пазарот на трудот,  зголемување на процентот на вработување на посебните групи за кои е потребна посебна политика, како и зајакнување на врската вработување-социјална заштита. Сепак ако би се издвоиле најважните политики тоа секако дека би биле политиките на зајакнување на врската меѓу образованието и вработувањето, кое претставува најважно прашање во Турција во делот кој што се однесува на  обезбедување на квалификуваната работна сила во Турција.

Што се однесува до делот обезбедување на  доверба и еластичност во  пазарот на трудот, тука може да се истакна констатацијата дека, Турција постигна голем напредок до 2016 година. Една од целите на оваа стратегија се состои во социјална поддршка на еластичноста на пазарот на трудот. Тоа практично значи да дојде до зголемување на хармоничноста меѓу еластичното вработување и социјалната заштита, што пак конечно ќе резултира со позитивен ефект на оваа стратегија врз вработувањето .

Што се однесува до третиот акционен план кој што го опфаќа периодот 2017-2019 година, истиот им дава предност на посебните групи како што се жените, младите и лицата со посебни потреби. Министерството за труд и социјална заштита како и владата на Република Турција посветуваат големо внимание на порастот на процентот на вработеноста на жените и на младите , со подготвување на мерки и активности за поттикнување на компаниите за вработување на жени и млади како што се курсеви, обуки, и други видови на подготвителни активности.

Се очекува најефикасно спроведување на 11 план за развој.Овој план создава можности за реализација на конструктивни и долгорочни политики кои ќе се применуваат во процесот на неговата реализација.



Слични вести