Рекордната цена на вишните ги израдува одгледувачите

Високата цена се одрази и врз извозот на Турција

Рекордната цена на вишните ги израдува одгледувачите

Годинашнава рекордна цена на вишните од 3,3 лири, предизвика голема радост кај одгледувачите кај кои реколтата е добра.

Како последица на загубите во продуктивноста на производите во Полска како и Афјонкарахисар и Ќутахја, летово беше достигната рекордна цена.

Турција со годишен капацитет од 200 илјади тони се наоѓа меѓу првите земји во светот и е задоволна од годинашнава цена од 3,3 лири.

Високата цена се одрази и врз извозот. Според информацијата на Унијата на производителите Улудаг, годинашниов извоз на вишни заклучно 31 ју во споредба со истиот период лани се зголеми за 83 насто и изнесува 86 илјади 675 долари.

Претседателот на комората на земјоделските пазари Јусуф Ерташ рече дека откупната цена на вишните во Симав кај Ќутахја, Пазарлар и Шапхане достигна 3,3 турски лири и дека во низа места во Турција беше забележано сериозно намалување на годинашнава реколта.

Според претпоставките, годинава во нашиот регион се очекува да изнесува околу 20 илјади тони вишни.

Се приближува крајот на жетвата. Зголемувањето на цената предизвика радост кај нашите одгледувачи. Сериозниот пад на производството на вишните и во странство поволно се одрази врз нашите произведувачи, рече Ерташ.



Слични вести