Турција и Катар ќе соработуваат во земјоделието и сточарството

Според меморандумот двете земји ќе соработуваат во земјоделието, производството на храна и во сточарството во рамките на нивните национални интереси

Турција и  Катар ќе соработуваат во земјоделието и сточарството

Турција и Катар потпишаа меморандум за соработка во земјоделието.

Според меморандумот двете земји ќе соработуваат во земјоделието, производството на храна и во сточарството во рамките на нивните национални интереси.

Меморандумот во име на Турција го потпиша претставник на Министерството за храна,земјоделие и сточарство а во име на Катар претставник на Министерството за општини и природна околина. 

Меморандумот се однесува на соработка меѓу двете земји во секторот посветен на здравјето на земјоделските растенија, сточарството,рибарството и на секторот здрава храна.

Заради следење на реализацијата на одредбите од меморандумот ќе се формира мешовит комитет за земјоделие ,кој наизменично ќе се состанува во Турција и во Катар.

Меморандумот има важност од 5 години.

 

 



Слични вести