Израел ќе купи песок од Турција

Првата количина песок која ќе се откупи од Турција ќе изнесува околу 1 милион метри кубни

Израел ќе купи песок од Турција

Израелската влада соопшти дека бреговите на земјата ќе ги пополнат со песок од Турција

Министерството за заштитата на животната средина на Израел го одобри увозот на црн и сив песок за заштита на плажите и крајбрежјето на Ашкелон и Нетанја.

Увозот на овој вид песок ќе се врши од Турција.

Според информациите кои беа објавени во израелскиот печат и медиуми, првата количина песок која ќе се откупи од Турција ќе изнесува околу 1 милион метри кубни.

Во 2012 година Израел формираше јавно претпријатие за Заштита на медитеранското крајбрежје. Министерството соопшти дека локалниот песок бил многу скап поради што даде одобрение за увоз на песок од Турција.

Според белгискиот управител на претпријатието, дијаметарот на локалниот песок е премногу мал, додека оној од Турција е двапати поголем.

Песокот што ќе се откупи од Турција ќе се распростре на должина од 2 и 4 км на бреговите на Ашкелон и Нетанја.

Освен сивиот и црниот песок, Израел бара и црвен песок.

Една израелска компанија која се бави со производство на прецизно леење, бара да купи црвен песок кој ќе го користи во хемиските процес. Барањето беше доставено до министерството за економија на Турција.



Слични вести