Извозот на Турција во 2017 ќе надмине 155 милијарди долари

Ова го истакна министерот за економија на Турција Нихат Зејбекчи на состанок на Собранието на Извозниците на Република Турција

Извозот на Турција во 2017 ќе надмине 155 милијарди долари

Извозот на Турција во 2017 ќе надмине 155 милијарди долари.

Ова го истакна министерот за економија на Турција Нихат Зејбекчи на состанок на Собранието на Извозниците на Република Турција. Во говорот на состанокот на кој што беа објавени податоците за извозот во првиот квартал од 2017 и очекувањата за во вториот квартал министерот Зејбекчи истакна дека на крајот на овој месец, очекуваат раст од 15 насто во извозот.

Министерот Зејбекчи додаде дека односите со Русија се нормализираат, така да тоа се одразува и на трговијата. Сепак имаме одредени проблеми во извозот на домати. За нас нема да биде крај на светот ако не извезуваме домати во Русија. Русите имаат одредени тврдења за тоа дека можно е да се одгледуваат домати во Русија. Имаме целосно разбирање доколку руските власти воведат повисоки царини за нашите домати. Ситуацијата ќе ја следиме се до крајот на мај до кога ќе биде се појасно.Инаку наша определба е да нема било какви пречки во трговската размена меѓу двете земји,додаде министерот Зејбекчи.

 



Слични вести