Младата популација на Турција изнесува 16,3 насто

Вкупниот број на младата популација на Турција изнесува 12 989 042 лица

Младата популација на Турција изнесува 16,3 насто

Младата популација на Турција изнесува 16,3 насто од севкупната популација на земјава.

Според податоците на извештајот на Заводот за статистика на Турција (ТУИК) „Младите според статистичките податоци 2016“, 16,3 насто од минатогодишната популација на Турција (која изнесуваше околу 80 милиони) се млади на возраст од 15 до 24 години.

Вкупниот број на младата популација на Турција изнесува 12 989 042 лица од кои 51,2 насто е машки, а 48,8 насто женски.

Најмлада популација живее во градот Хакќари и изнесува 25,5 насто. На второ место се наоѓа Ширнак каде што 23,9 насто од севкупната популација се млади, додека на трето место се наоѓа Сиирт. Најнизок степен на млада популација живее во Мугла и изнесува 13,2 насто, во Баликесир 13,5 насто, а во Синоп 13,7 насто.



Слични вести