Економијата на Светот 20/2017

Нов период во трговските односи меѓу Турција и земјите од Персискиот Залив

Економијата на Светот 20/2017

Земјите од Персискиот Залив како земји со најголеми резерви од нафта на Блискиот Исток го имаат главниот збор на меѓународните пазари како светски најголеми производители на нафта. Земјите како што се  Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Кувајт, Катар и другите како земји богати со нафтени резерви и наоѓалишта одигруваат голема улога во светската трговија со нафта. Турција со 755 милијарди долари бруто национален домашен производ го завзема своето место во редот на земјите со најразвиена економија во регионот.

Турција која води посебна грижа за одржување на добри односи со регионалните држави, исто така развива цврсти односи и со земјите од Персискиот Залив како политички така и економски.Овие добри односи се рефлектираат и врз бројките во надворешната трговија.Турција со значајни трговски партнери во регионот реализира мошне продуктивна надворешна трговија со земјите од Перискиот Залив.На прво место на списокот заливски земји со кој Турција одржува добри политички,економски и трговски односи се наоѓаат Обединетите Арапски Емирати со 9,1 милијарди долари обем на надворешната трговија. По Емиратите следува Саудиска Арабија со 4,9 милијарди долари надворешно трговска размена.

Турција со Обединетите Арапски Емирати како нејзин најдобар трговски партнер во Персискиот Залив само во последната година оствари раст од 36 насто во обемот на нардворешната трговија. Оваа поволна ситуација се рефлектира на соработка меѓу двете земји во различни сектори на чело со партнерските односи во инвестирањето.Ако се фрли поглед на инвестирањето на саудиските бизнисмени во Турција ќе се забележи дека во последните 10 години е евидентен раст и тоа претежно во текстилот и туризмот.

Катар е другата земја од Перискиот Залив со која Турција одржува и негува мошне добри и пријателски односи. Катар како земја која извезува ЛНГ во 21 земја ширум светот воедно е прва светска сила во извозот на ЛНГ. Турција 68 насто од своите потреби за ЛНГ ги обезбедува токму од Катар. Турција во рамките на нејзината национална енергетска политика започна со зголемување на обемот на инвестиционите вложувања во ЛНГ, што резултира со воспоставување на стабилност на долгорочен план во трговијата со Катар.

Претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган на 9 мај оствари официјална посета на Кувајт, земја богата со нафта во Персискиот Залив. Нафтата и нафтените деривати се наоѓаат  на чело на списокот на стоки кои Турција ги увезува од Кувајт. Посетата на претседателот Ердоган на Кувајт секако дека ќе има голем придонес во унапредувањето на односите меѓу двете земји и паралелно со тоа унапредувањето на трговијата.

Самиот факт што банките од земјите од Персискиот Залив јасно покажуваат дека се заинтересирани за отворање на подружници во Турција е доволен за значењето на Турција како стратешка земја во обезбедувањето на регионалната економска интеграција како во регионот така и пошироко.

Еден друг момент кој е доста интересен воедно и круцијален во развивањето на трговијата и инвестирањето меѓу Турција и земјите од Персискиот Залив е Турско-Заливскиот фонд, чија основна намена е обезбедување на извори на заливските земји за инвестирање во Турција. Овој фонд кој воедно ќе има голем придонес во интензивирањето на трговските односи меѓу Турција и земјите од Персискиот Залив ќе одигра значајна улога во развивањето на секторите како што се финансии, инфраструктура, енергија и другите за кои во овие земји постои големо интересирање за инвестирање.

Како резултат на соработката реазлизирана во последните години меѓу Турција и земјите од Персискиот Залив во последните 15 години се забележа раст во обемот на нивната меѓусебна трговска размена.Нема сомневање дека така ќе биде и во иднина.

Развивањето на трговијата меѓу Трција и земјите од Персискиот Залив ќе има позитивен ефект и на другите земји од поширокот подрачје на Персискиот Залив.



Слични вести