Економијата на Светот 19/2017

Нов период, нови економски односи на Турција

Економијата на Светот 19/2017

Периодот после 16 април кога се одржа уставниот референдум е период на нови измени во Турција во позитивен правец. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој поради подготовките за референдумот претежно престојуваше дома, сега откога референдумот беше успешно реализиран се подготвува на една напорна програма на посети во странство. Во текот на мај претседателот Ердоган освен Русија,Индија и Кина ќе ги посети и САД. Посетите на претседателот Ердоган на овие земји имаат големо значење бидејќи тие се реализираат непосредно после многу важниот уставен референдум во Турција.Овие посети воедно ги даваат и првите сигнали за тоа дека Турција навлегува во еден нов период во својата надворешна политика.

Контактите кои ќе бидат остварени со овие земји кои што се сметаат за најголеми светски економии, акцентот го ставаат на економијата и на трговијата.

Турција како земја која на север се граничи со Русија, на југ со Блискиот Исток, на запад со Европа и на исток со Азија воедно претставува вид центар и крстосница каде што се вкрстуваат сите патишта кои водат кон и од овие континети и региони. Турција поаѓајќи од својата природна местоположба во последниот период развива политика на користење на сите приоритети кои што ги нуди нејзината географска положба. Таа вложува напори за развивање на добра трговска соработка со економските гиганти како што се Русија, Кина и Индија.

Првата посета на претседателот Ердоган на 30 април годинава беше посетата на Индија една од водечните светски економии и земја на преден план во светската трговија. Двете земји сосема отворено изјавија дека планираат да ја зголемат меѓусебната економска и трговска соработка, унапредување на инвестиционата активност и влевање доверба во развивањето и унапредувањето на билатаралната соработка на сите нивоа.

Во рамките на турско-индиските официјални разговори стана збор и за употребата на националните валути во меѓусебната трговска размена.Тоа од причина што со домашните валути постојат поголеми можности за зголемување на обемот на трговската соработка меѓу Турција и Индија како и за воспоставување на економските рамнотежи.

Освен тоа меѓу темите за кои се дискутираше на официјалните турско-индиски разговори на највисоко ниво беше повторното обликување на составот на Советот за безбедност на ОН. Во тој контекст претседателот Реџеп Тајип Ердоган истакна дека Индија како светска сила со население од 1 милијарда и 700 милиони жители, претставува важен дел од целокупното светско население и како таква би требало да биде претставена во Советот за Безбедност на ОН. Тоа воедно ќе значи нов почеток за земјите како што се Индија и Турција, земји во развој.

Ако се земе во обзир  аргументот и барањето на претседателот Ердоган „Светот е поголем од 5’ те најголеми“ мислејќи притоа на членките на Советот за Безбедност на ОН, зачленувањето на Индија во Советот за Безбедност може да се оцени како вид алтернатива за решенијата кои нудат реформи на самиот совет.

По посетата на Индија,претседателот Реџеп Тајип Ердоган отпатува за Русија следна станица на неговата турнеја во мај. Економијата и трговијата исто така беа главни теми во разговорите на највисоко ниво меѓу Турција и Русија.Во Москва се разговараше за еткономската соработка ,потоа за соработката во енергијата, одбраната, за ситуацијата во Сирија, за зголемување на обемот на трговската соработка како и за обезбедување на безбедноста на енергетските извори во поблиското подрачје. Сите овие теми имаат големо значење од аспект на унапредувањето на односите меѓу двете соседни земји турција и Русија беше истакнато во разговорите во Москва.

Како што е познато во октомври за време на официјалната посета на претседателот на Русија Владимир Путин на Турција беше констатирано дека што поскоро треба да се стави во реализација проектот посветен на  гасоводот Турски Тек.

Следната посета на претседателот Ердоган беше на Кина, најголема втора светска економија според доходот по глава на жител

Кина како што е познато долги години работи на проектот за обновивање на историскиот трговски пат, Патот на свилата .На тој начин Кина планира да ги помести рамнотежите во светската трговија. Турција токму тука се појавува како земја со исклучително големо геополитичко значење, како земја низ која ќе транзитираат железнички линии како дел од една интегративна целина.

Целта на претседателот Ердоган е да се покрене соработка со светските економски сили во подем а кои пак имаат животно значење за турската економија и трговија и на тој начин Турција да се вклучи во редот на земјите со силен економски и трговски развој.



Слични вести