Економијата на Светот 18/2017

Што ќе уследи во економијата на Турција после уставниот референдум

Економијата на Светот 18/2017

Уставниот референдум од 16 април годинава кој помина успешно и запали зелено светло за воведување на претседателски систем во Турција претставува пресвртна точка во турската политичка и економска стабилност. Новиот систем освен во политичкиот живот на земјата предвидува низа новини и во економскиот живот. Цел кон која што се стреми новиот систем во Турција е кревање на пречките и блокадите во неколку економски сфери, доловување на високи цифри во севкупниот економски развој како и низа други кои што имаат приоритет во турската економија.

Кога ќе се фрли поглед на можностите кои новиот систем ќе ги обезбеди за турската економија, ќе се забележи дека тука голема важност има економската карта која ќе треба да се следи. Недвојбено дека во претстојниот период структуралните реформи ќе добијат приоритет но паралелно со тоа големо внимание ќе се посвети и на создавање на една поволна средина за доловување на зацртаните цели и задачи во глобала.

Тука пред се вработувањето ќе биде на преден план. Ако се земе во предвид податокот дека, процентот на невработеноста во минатата 2016 година изнесуваше 12,7 насто секако нема да зачуди тоа што поголемиот дел од напорите на турските владини институции ќе бидат ангажирани во делот кој што се однесува на креирање на нови работни места и на создавање на услови за отворање на нови капацитети заради нови примања на работа на млади и стручни кадри.Тоа е особено важно ако се земе во предвид податокот дека од вкупниот број на регистрирани невработени лица во Турција околу 16 насто се млади под 24 години. Факт што не е за занемарување.

Резултатот од уставниот референдум стави јасно до знаење дека повеќето од граѓаните на Република Турција сакаат земјата да се движи на постабилна патека и на по перспективна линија. Позитивниот исход од референдумот воедно придонесе да се воспостави атмосфера на доверба во реалниот сектор, односно даде импулс за странските инвестирања. Уште првиот ден после објавувањето на резултатот од референдумот на кој повеќето од граѓаните се изјаснија со Да ,започна процесот на слевање на свеж капитал во вид на инвестиции од странство во земјава.Тоа претежно се должи на довербата која ја стекна турската економија во странските кругови,кај странските партнери.

Приоритет во турската економија во периодот после уставниот референдум треба да добие четвртата индустриска револуција, или таканарачената индустрија на дигитална технологија за чие поефикасно функционирање треба да се воспостави интегративен систем кој одблизу ќе ги следи сите технолошки достигнувања.

Финансискиот сектор , како сектор кој е најинтересен за странските инвеститори секогаш останува под рефлексијата на политиката и политичките случувања во една земја. Истото секако дека се однесува и на Турција. Тука пред се треба да се истакне потребата од стабилизирање на курсот на домашната валута, лирата наспрема американскиот долар.

Енергетскиот сектор е нај привлечниот за странските инвеститори. Поаѓајќи од тоа турската влада треба да вложува големи напори за зајакнување на енергетскиот потенцијал на земјата кој само во последните 10 години оствари извоз вреден 44 милијарди долари. Со секој изминат ден потребите на електричната енергија стануваат се позасилени како во земјава така и во странство,така да и Турција треба да преземе низа мерки и активности за постигнување на целите поставени во развојот на производството на  електрична енергија од домашни извори. Кога сме кај енергијата не би требало да ја одминеме и обновливата енергија за која постои големо интересирање како во земјава така и во светот. И секако нуклеарната енергија која е поставена како цел во десет годишните стратегиски цели на Турција.

Поставување на долгорочни и стабилни цели во економијата во преоден период како и утврдувањето на политики во чиј фокус се наоѓа стабилноста има големо влијание во делот кој што се однесува на трајноста на реформите. Турција посветува големо внимание на  стабилноста и на трајноста на реформите кои ги смета за цврсти темели на една економија.

 

 



Слични вести