Старт за еден нов период во Турција

Реакции од бизнис круговите после успешно спроведениот референдум за уставните измени во Турција

İsmail Gülle.jpg

Реакции од бизнис круговите после успешно спроведениот референдум за уставните измени во Турција.

Претседателот на Здружението на Бизнисмените и Индустријалците Наил Опак рече: Единствен победник на уставниот референдум е самиот народ. Народот застана во одбрана на сопствената иднина и рече Да на стабилноста и на довербата. Ја почитуваме одлуката на народот и му се заблагодаруваме.

Исмаил Ѓулле претседател на Унијата на Текстилните Извозници изјави : Народот со оваа одлука всушност даде старт за еден нов период во Турција.Нови периоди значат нови возбудувања.Време е да ги оставиме зад нас јаловите дискусии и да гледаме во иднината.

Претседателот на Конфедерацијата на Младите Бизнисмени на Турција Еркан Ѓурал истакна дека Турција кажа едно решително ДА на уставниот референдум.Народот со усшено спроведениот референдум положи еден многу важен испит.Ова е победа на заедништвото и на нашата земја. Денес во оваа етапа Турција кажа ДА на економска сигурност и на светла иднина.

Здружението на Турските Бизнисмени и Индустријалци издаде официјално соопштение под наслов „ Време за заедништво и реформи за единствена Турција“ во кое се истакнува дека деновиве Турција поминува низ еден историски важен период,и дека време е Турција без губење време да гледа кон иднината.

 

 



Слични вести