За ТРТ Радио Глас на Турција

ИСТОРИЈАТ

Првата радио емисија за странство во Турција беше емитувана на 8-ми јануари 1937 година преку брановите на Радио Анкара. Во оваа прва емисија беше емитуван преводот на говорот на тогашниот премиер Исмет Инени на арапски јазик посветен на Хатајското прашање.

Eмисијата ја постигна целта во Сирија, Санџакот Искендерун и околината, така што нешто подоцна од Радио Истанбул почна да се емитува емисијата “Вести на арапски”. По решавањето на Хатајското прашање заврши емитувањето на овие емисии кои не беа редовни.

Редовното емитување на емисиите за странство започна на 28 октомври 1938-та година преку предавателот со јачина од 20 KW и тоа на четири јазици: турски, англиски, француски и германски јазик.

“Радио Анкара на куса бранова должина” со емитувањето непристрасни емисии во текот на Втората светска војна го привлече вниманието на светската јавност.

Во периодот од 1943 до 1949-та година се роди поволна можност за емитување емисии за слушателите во Америка, Западна Европа, Далечниот Исток и Австралија.

Значаен период во емитувањето емисии за странство опфаќа периодот од 1949 до 1958-та година. Имено во овој период Турција беше примена во НАТО алијансата, учествуваше во Корејската војна, ги разви односите со Запад. 
Емисиите за странство коишто од периодот на формирањето се емитуваа преку Радиото Анкара на куса бранова должина, од јануари 1963-та година почнаа да се емитуваат преку брановоте на Радиото Глас на Турција.

Од 1 мај 1964-та година, радиото Глас на Турција во рамките на ТРТ почна со емитувањето емисии во еден нов формат.

 

РАДИО ГЛАС НА ТУРЦИЈА

Денес радио емисиите за странство во рамките на ТРТ се емитуваат од страна на Радиото Глас на Турција.

Радиото Глас на Турција (VOT) под покровителство на Секторот Емисии за странство секој ден емитува емисии на 29 јазици и тоа турски, германски, арапски, албански, азербејџански, босански, бугарски, кинески, дари, персиски, француски, грузиски, хрватски, англиски, шпански, италијански, казачки, киргиски, унгарски, македонски, узбекистански, пешту, романски, руски, српски, татарски, туркменски, урду и грчки јазик.

Емисиите на Радиото Глас на Турција, преку предавателите на кратка бранова должина, сателитите и интернет се достапни до целиот свет. Радиото Глас на Турција со проширување на својата дистрибутивна мрежа преку локалните ФМ канали вложува напори за поширок пристап до слушателите и разновидност во содржинаta на емисиите.

Радиото Глас на Турција поаѓајќи од начелата за непристрасност, доверливо и брзо доставувње на информации преку достапот до слушателите од сите групи и возраст ги усовршува своите емисии и ја зацврстува својата позиција како еден од најдоверливите извори во светот.

Преку информативните, културно-уметничките и музичките емисии се презентираат Турција и турскиот човек од сите аспекти. Преку емисиите на радиото Глас на Турција на преден план се изнесуваат регионалната соработка на Турција, желбата за унапредување и развој на добрососедските односи како и мирот и културната соработка.

 

Со поопширни информации за Радиото Глас на Турција при ТРТ имате можност да се стекнете преку следниот веб