За ТРТ

ТРТ

Институција за Радио-Телевизија на Турција…

ТРТ која што располага со карактеристики на прва и единствена институција кога ќе се рече јавен радиодифузен сервис во Турција е формирана на 1 мај 1964 година.
Воедно и радиото кое што почна со емитување на своите емисии на 5 мај 1927 година почнувајќи од овој датум влезе под покривот на ТРТ. Кон радиото кое што кога ќе притиснеме на неговото копче или ќе го придвижиме кадранот на крајот на 60-тите години се приклучи уште еден нов пријател кој што не носеше кон различни светови. Тој пријател беше телевизијата... Турција со телевизијата за прв пат се запозна на 31 јануари 1968 година со посредство на ТРТ. ТРТ со 81 годишното радио и 40 годишното телевизиско емитување стана и меморија на историјата на Републиката и споменик на довербата со своето искуство, знаење и сфаќањето за преземање одговорност, како и симбол на братството и единството.
Благодарение на еланот и самопожртвуваните напори ТРТ го зазеде своето место во срцето на турскиот народ кое што никогаш нема да биде избришано. ТРТ која пристигна до денеска и како училиште за радиодифузно емитување и како доверлива радиодифузна институција на Турција во свои рамки ги одгаи и најуспешните радиодифузни работници во радио и телевизиското емитување во земјата. Секако притоа во телевизијата на Турција добија живот и една од друга поубави и поколоритни програми.
ТРТ не остана само со тоа што беше само обична радиодифузна институција во сферата на радиото и телевизијата воедно одигра и функција на коренита образовна институција…
Функцијата за која станува збор имаше значење без кое што се не може не само од аспект на одгајувањето на кадри за емитување, туку и со своите емисии за воспитување и образование на своите гледачи и слушатели на кои им доставува информации и знаења…
Ете ТРТ која носи една ваква експресивна мисија без која што се не може, со своето сфаќање за неутрално и доверливо информирање и со своите квалитетни програми со кои што не се прават отстапки од принципот на јавна радиодифузна дејност (јавен радиодифузен сервис), го зазеде своето значајно место кое што со право го заслужува меѓу избраните радиодифузни институции во светот.
Факторите кои што го создадоа овој успех во главни наслови би можеле да го наброеме вака:

Одговорно и доверливо информирање

Со свои дописници во Вашингтон-САД, Брисел-БЕЛГИЈА, Каиро-ЕГИПЕТ, Берлин-ГЕРМАНИЈА, Лефкоша-ТУРСКАТА РЕПУБЛИКА СЕВЕРЕН КИПАР, Баку-АЗЕРБЕЈЏАН, Ашкабат-ТУРКМЕНИСТАН, Ташкент-УЗБЕКИСТАН и на сите четири страни на светот… Накусо ТРТ со своите отворени бироа и претставништва во голем број значајни центри од Америка до Европа и Азија и од Блискиот Исток до Кавказија; е видот и слухот и на Турција и на светот…
- Искусни известувачи сите специјализирани во своите области во седиштето во Анкара како и локалните Дирекции во Истанбул, Измир, Анталја, Чукурова, Дијарбакир, Ерзурум и Трабзон; а освен тоа динамична информациона мрежа со свои локални дописници од сите четири страни на Турција…
- Со своето сфаќање и својот резон на точно, неутрално и доверливо информирање „марка“ во умот на своите слушатели и гледачи…

Емисии наменети за секоја возраст и култура

-Квалитетни емисии составени од образовано-културни, музичко-забавни, детски и спортски програми, дебати, документарци, драми и од најквалитетни филмови на белото платно... Со својот емисионен спектар во согласност со меѓународните стандарди; да се обезбеди пристап до широка социјална структура на гледачи која што покажува разлики од аспект на нивото на образование, возраста и социо-економскиот степен и да се стане информативна институција која што ќе ја придобие нивната љубов и поддршка…
- Со своите 7 телевизиски канали од кои 4 национални, 2 меѓународни и 1 локален да се биде следен на сите четири страни на Турција и во целиот свет…

Телевизиски канали:

ТРТ 1:Семеен канал 168 часа
TРT 2:Информативен, информационен, културен и уметнички канал 168 часа
TРT 3:Младински и спортски канал 54 часа
TРT ГАП:Емисии наменети за источно и југо-источно анадолската област 69 часа
TРT 4:Образовен и Музички канал 139 часа
TРT ИНT:Емисија за светот 168 часа
TРT ТУРК: Емисија наменета за централна Азија и Кавказија 119 часа

-Со меѓународниот сателит и 2 земјени станици одигрува функција на мост помеѓу радиодифузерите на Европа и Азија; голем потенцијал кој располага со капацитет во ист момент и со сите детали да ги пренесува случувањата посветени на земјата и светскиот дневен ред со посредство на националните и меѓународни радиодифузни институции и новинските агенции чија е членка…
> -Со каналот ТРТ-ИНТ кој што емитува емисии особено наменети за Турците кои живеат во Европа и може да се следи и во голем број делови на светот, се има за цел да се обезбеди придонес кон зајакнување на културните врски со Турците во странство. Целта е да биде зајакнат каналот ТРТ-ИНТ, и во наредниот период да достигне до ниво да може да им конкурира на водечките информативни канали во меѓународни рамки.

Телевизиски канали на ТРТ во фаза на формирање

-Продолжуваат работите за формирање на нов телевизиски канал кој што ќе емитува емисии на дијалектите Кирманчи и Заза, а со цел да им се доставува услуга со емисии на граѓаните кои зборуваат на различни јазици и дијалекти како и на земјите кои зборуваат на овие јазици. Се има за цел и доставување услуга со емитување емисии на овие јазици за зајакнување на односите меѓу Турција и народите кои зборуваат на персиски и арапски јазик.
-ТРТ воедно ги продолжува и работите за формирање на моќен „Детски канал“ со капацитет на емитување емисии наменети за турските деца и децата во светот.

81 годишно искуство во радиото

Радијата на ТРТ со своите 4 национални, 5 локални радио канали и со Туристичкото радио; искусните кадри, хоровите во различни музички гранки, талентираните и надарените уемтници, детските и младинските клубови, богатата архива, емисиите поддржани со компјутерска обработка, студијата опремени со најсовремена технологија, моќните предаватели и со своите програми во согласност со нормите на современото радиодифузно емитување, продолжуваат да одигруваат улога на неразделен другар за слушателите.

Радио Канали

Радио 1:Образовен, културен и информативен канал. Со своите програми во кои што се појаснува и анализира секое прашање посветено на животот и со информативните билтени на секој час точно 81 година продолжува да работи како радио без кое што не може од аспект на слушателите.
Радио 2 (TРT ФМ): Канал за популарна музика каде заземаат место најубавите примери на турската уметничка музика, турската народна музика и поп музиката.
Радио 3: Класична музика, џез и опера.
Радио 4: Турска народна музика и турска уметничка музика.
Воедно и 4 национални канали на радиото емитуваат 24 часа ширум Турција и во целиот свет преку интернет.
5 локални радио емисии
Радио Трабзон, Радио Ерзурум, Радио ГАП-Дијарбакир, Радио Анталја, Радио Чукурова... Воедно и Туристичкото радио со своите емисии презема значајна задача наменета за услуга и на турскиот туризам и на туристите кои доаѓаат во посета на нашата земја.

Радио емисии на 29 јазици ширум светот

Радио Глас на Турција (Voice of Turkey) кое ја воспоставува комуникацијата на Турците во странство и нивната татковина и кое заедно со своите емисии на турски јазик емитува емисии на 29 странски јазици се слуша ширум земјата и светот. Радио Глас на Турција своите емисии на англиски, француски, германски, арапски, шпански, италијански, албански, босански, бугарски, романски, српски, хрватски, унгарски, македонски, грчки, руски, кинески, азербејџански, персиски, грузиски, урду, дари, пашту, узбечки, татарски, туркменски, киргиски, казачки и турски јазик ги емитува ширум светот на кратка бранова должина, на сателит и преку интернет, а воедно со своите радиодифузни партнери и преку (на база на) ФМ.

Радиодифузна мрежа која го опфаќа целиот свет

Радиодифузна институција која за најкусо време ги презема и присвојува сите видови нови медиумски услуги во областа на радиодифузијата; која со своите знаења и искуства од минатото со секој поминат ден станува силна и доверлива радиодифузна институција која е во чекор со современите достигнувања и ја доловува иднината...
Ова големо искуство во областа на радиодифузијата ги засенува очите во точката до која што е дојдено денеска и со својата техничка инфраструктура.

Преку сателитите ТУРКСАТ 2A и ТУРКСАТ 1C (3A), ТРТ своите радио и телевизиски емисии ги пренесува на дигитална средина.
Воедно непрекинато 24 часа продолжуваат и пробите за дигитални телевизиски емисии од градовите Анкара, Истанбул и Измир.

ТРТ и на интернет

- ТРТ како институција која сака да одговори на очекувањата на своите слушатели и гледачи во еден дигитален период и да му ги доставува на својот народ можностите кои што ги пружа технологијата, во кусо време стави во примена крајно значајни проекти и работи и во оваа област. На 1 мај 1999 година беше отворен веб сајтот на ТРТ на интернет www.trt.net.tr . Со цел да им се овозможи пристап на корисниците на интернет ширум светот до емисиите на ТРТ, своите радио и телевизиски емисии ги сервира на интернет во живо. Освен тоа меѓу значајните услуги на веб сајтот се наоѓаат и услуги како што се најнови вести од Турција и светот, случувања во економијата и финансиските берзи, сите бои на спортот, временска прогноза, радио и телевизиска програма и промоции на програми.
ТРТ преминува во нова фаза во емитувањето на интернет, ги подготвува и меѓународните верзии на веб сајтот и истите почнува да ги емитува една по една. Продолжуваат работите интернет емисиите на странски јазици кои што најпрвин беа започнати на 11 јазици по кусо време да бидат проширени со опфаќање на сите јазици кои што се емитуваат како Радио Глас на Турција.

Архивата на ТРТ визуелно-аудио меморија на Турција

- Кога станува збор за институција која била сведок на сите значајни моменти на Републиката и која била обединета со Републиката, секако дека се појавува една многу богата архива. ТРТ не само што ги држи на исто место визуелно-аудио материјалот, ги користи најразвиените технологии на светот и го зачувува радио-телевизиското наследство кое располага со долгогодишно минато. Овие материјали со различни датуми и формати со реализирање на нивна суштинска анализа и поправање се пренесуваат и на дигитална медиумска средина.

ТРТ Маркет

ТРТ Маркет, програмите и музичките дела во својство на архива, му ги доставува на народот како визуелни, аудио и печатени производи.

ТРТ фрла потпис на големи и значајни организации

-ТРТ со 23-ти април Меѓународниот фестивал на детето точно 30 години во текот на 10 дена ги усгостува во Турција децата од целиот свет од секоја боја на кожата, јазик и религија. Со тоа дава мошне значаен придонес и кон светскиот мир и уште еднаш докажува дека е така да се каже „непроменлива адреса“ на овие видови меѓународни организации.
- Кај значајни меѓународни организации како што се натпреварот за избор на песна на Евровизија (Евросонг), Светскиот фудбалски куп, Олимписките игри и Светските Универзитетски игру (Универзијади) повторно се наоѓа потписот на ТРТ…
Љубителите на фудбалот светскиот фудбалски куп за 2010 и 2014 година, повторно ќе го следат преку екраните на ТРТ и секако сите бои на олимписките игри ќе ги најдат кај ТРТ како непроменлива адреса на спортот.
-Радиодифузна институција која за најскоро време ги присвојува сите видови медиумски услуги во областа на радиодифузијата; која со своите знаења и искуства од минатото со секој поминат ден станува силна и доверлива радиодифузна институција која е во чекор со современите достигнувања и ја доловува иднината...
Со други зборови кажано прозорец на Турција што се отвара кон светот и прозорец на светот што се отвара кон Турција… Ете сиве овие специфичности на исто место можат да се изговорат со само три букви: ТРТ

ЧЛЕНУВАЊА

EBU -Europen Broadcasting Union (Европска радиодифузна унија)
ABU –Asia-Pacific Broadcasting Union (Азиско-пацифичка радиодифузна унија)
HFCC/ASBU -International High Frequency Broadcasters Coordination Group ( Координациона група на радиодифузери на кратки бранови)
ABU-HFC (ABU High Freguency Broadcasters Coordination Group (АБУ координациона група за кратки бранови)
IMC International Music Council (Меѓународен музички совет)
EIM European Institute of Media UNESCO Turkish National Committee Turkish National Council of Press (Европска медиумска институција UNESCO Турски национален комитет Турски национален медиумски совет)
CMCA (Centre Méditerranéen de la Communication Audioviseulle (Медитерански центар за аудио-визуелна комуникација)